По целото искуство што го има со вадењето тајни информации од американските шпионски служби, нивното шверцување од земјата и давање на новинари, Сноуден работи со оправдан страв околу можноста дека некој го следи, му упаѓа по дома и слично. Плус на ова резиме се надоврзува и неговото искуство како дел од американските тајни служби.
Човекот што не престана да зборува за тоа како се може да те следат и прислушуваат преку телефонот што цело време го мкнеш во џеб, заедно со својата екипа создаде апликација што од кој било евтин Андроид смартфон ќе направи физички безбедносен систем.
Апликацијата се вика Хавен и ги користи камерите, микрофоните и акцелерометрите на смартфонот како сензори за мониторирање на околината.
Телефонот, со активирана апликација, го оставаш на ачик место со прегледност на целата просторија. Во случај некој да влезе во просторијата, апликацијата ги активира камерите и микрофоните, па прави фотографии и аудио снимка од натрапникот. Хавен има опција и инстантно да ти го испрати снимениот материјал на смартфонот што ти е за секојдневна употреба.
Ако сакаш инстант аларми, како СМС за активирање на некој од сензорите, или порака со снимена содржина, освен вишок телефон ќе ти треба и дополнителна СИМ картичка (барем припејд) од кој ќе може да се испраќаат СМС-и. Апликацијата поддржува и испраќање пораки на Сигнал, за што пак ти треба екстра СИМ-от.