Ако се суди според стартот, Англичаните се најсериозни кандидати за првата позиција во квалификациската група Ц за ЕП 2024, каде што е и Македонија. По триумфот на гости против Италија, во второто коло ја совладаа дома Украина со 2:0. Кејн и Сака за 3 минути ја заверија победата. 21 годишниот член на Арсенал постигна убав гол.
Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко го презентираше дресот „Обединети за Украина“ на кој стојат знамињата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Косово...
Како што расте војната во Украина, така се редат санкции во рускиот спорт кои веќе не може да ги пофатиме. Се огласи Спартак Москва, која смета дека спортот, дури и во најтешките моменти, треба да гради мостови, а не да ги руши.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Украина бележи драстичен пад на форма по Европското првенство. Синоќа во квалификации за Светско 2022, против Казахстан на гости водеа 1-2 во длабоко судиско продолжение, но во последни секунди од мечот домаќинот израмни. Ама само да го видите голов на Јаремчук за 0-1.
Една од поубавите фотографии на Европското беше онаа од мечот Шведска - Украина на која еден до друг гушнати стоеа Украинец и Русин, секој со знамето на својата земја. Во еден момент останатите украински навивачи го нападнаа Русинот, а другар му го бранеше и го покри со своето знаме.
Иако постоеше сомнеж како ќе изгледа замислата на УЕФА континенталното првенство да се игра во 12 града, се испостави дека таквиот ризик се исплател и гледаме фантастично Европско првенство.
Златниот гол благодарение на кој Украина ја совлада Шведска и се пласираше во четвртфинале на Европско 2020, го постигна малку познатиот центарфор Артем Довбик.
Четврти осминафинален натпревар кој отиде во продолженија, што е рекорд во историјата на нокаут мечевите од ЕП. Овој пат беше решен во последните мигови со гол на Артем Довбик кој погоди за 2:1 и закажа битка со Англија. Ги искршија стативите во регуларните 90 минути.
Шведска и Украина вечерва ќе имаат тешка и веројатно израмнета битка во која е тешко да се утврди фаворит. Последен пат се сретнаа во групна фаза на ЕП 2012. Тогаш испаднаа и двете селекции во групи, бидејќи се најдоа во друштво на Франција и Англија.
Европската фудбалска унија реши да стави точка на случајот „Арнаутовиќ-Алиоски“ па на официјалниот сајт на УЕФА за Евро-2020 покрај името на Арнаутовиќ - стои дека е суспендиран.
Холандија не пушта странци па така украинската публика во Амстердам беше составена претежно од тамошни резиденти. Мечот беше најубав на Европското досега а помина во добра атмосфера и на трибините каде еден холандски навивач им честиташе на Украинците на евроголот на Јармоленко.
Во нашата група синоќа на два меча паднаа 9 гола! Македонија изгуби од Австрија 3-1 а Украина изгуби од Холандија 3:2 и тоа со гол примен во 85’ минута од мечот.
Вториот ривал на Македонија на Евро 2020, Украина ги промовираше дресовите со кои ќе игра на турнирот. Имаат три комплети: жолт, син и бел а главниот елемент на дресовите се контури на границите на нивната земја.
Очекувано или не, новиот дрес на Македонија во бордо боја ја разгневи јавноста до таа мера што се отвори петиција за враќање на довчерашните дресови кои му се мили и на капитенот Пандев и која веќе ја потпишале скоро 12.000 луѓе.
Свеченото отворање на стадионот во Припјат било планирано за 27 април 1986-та година - локалниот клуб Строител требал да игра против ФК Машиностроител од местото Бородјанка во рамки на полуфинале на Купот на Киевска област.
Ниту светот на фудбалот не е имун на вториот (или веќе трет) бран на вирусната пандемија. Речиси и да нема клуб чии репрезентативци ќе се вратат позитивни од собирите со националните селекции.