Тука има работа за еден силен адвокатски тим, којшто би ја тужел државата затоа што со години ги тера 1,6 милиони жители да плаќаат за украдената енергија од споменатите 180-ина илјади жители. Во случај на судски неуспех ова би требало да се турка и до судот во Стразбур, за конечно да престане намирувањето на коалициониот партнер на секоја власт со народни пари.
Македонскиот дипломатски синдикат пред некое време се пожали дека со месеци немаат сапун за раце во ВЦ-ата на МНР. Веќе утредента бил набавен сапун но некој таму очигледно мисли дека со тоа ја завршил својата задача околу хигиената. Чекајте да видите какви им се вецеата и во каков бангладешки стандард функционира македонската дипломатија.
Во 814/15 година потпишан е 30 годишен мир меѓу Византија и Бугарија, при што на Бугарија ѝ е отстапена само Сердика, денешна Софија, а границата е северно над Витоша. Јужно од Софија – Бугари НЕМА! Како тогаш Кирил и Методиј што се родиле во Солун во 810 или 825 година се Бугари?
Еве го протоколот што го кријат. Целиот е насочен кон обврски што ги презема само Македонија. Ако се потпише, луѓе ќе бидат гонети во Македонија по списоци изготвени во Бугарија. Ќе се променат таблите на Охридската тврдина за Цар Самуил, и има рокови до кога мора да се променат македонските учебници.
За постарите од 45 години: Никогаш нема да доживеете Македонија да стане членка на ЕУ. ќе се расправате со роднини/ пријатели/ комшии во следните +30 години за тоа дали треба уште нешто да се попушти во преговорите... За помладите: Не дозволувајте да ви ги крадат паритe, а во замена да ви кажуваат приказни за тоа како ќе биде добро кога ќе бидете во ЕУ.
Прашањето е: што штитиме, кого го штитиме и тој што го штитиме - од кого го штитиме. Одговорот го дава М-р. Здравко, кој што ни објаснува зошто е тоа така, аргументира зошто така мора да биде, сè друго е нерегуларно и да не навлегуваме во политички одлуки пошто има кој е задолжен за тоа. И дека всушност, живееме во најдобриот од сите можни светови.