Неколку забелешки во врска со „францускиот“ предлог и зачленувањето на Македонија во ЕУ:
1. За тие постари од 45 години:
Никогаш нема да доживеете Македонија да стане членка на ЕУ. Ќе се расправате со роднини/пријатели/комшии во следните +30 години за тоа дали треба уште нешто да се попушти во преговорите или не, кој е предавник, кој е патриот, а битанги од власта ќе ви ги крадат парите за пензии. Оваа година инфлацијата ќе „изеде“ најмалку 15% од пензиските фондови. Немојте по 10/15 години, кога ќе ви направат пресметка за пензија да ви текне дека сте го потрошиле времето во расправии за погрешни работи. Доцна ќе биде, нема да имате сила ништо да смените.
2. За помладите:
Имате држава со 4,5 милијарди евра буџет. Заборавете на членството во ЕУ, најдете начин како да донесете на власт некој што овие 4,5 милијарди евра ќе ги употреби за зедничко добро. Не дозволувајте да ви ги крадат овие пари, а во замена да ви кажуваат приказни за тоа како ќе биде добро кога ќе бидете во ЕУ. Барајте да ви изградат ветерници, соларни централи, автопати, гасоводи,... Барајте да ви обезбедат функционално јавно здравство. Барајте да ви изградат згради и лаборатории за факултетите.
ЕУ беше замислена како заедница за пријателство, взаемно помагање и соработка. Се претвори во неолибералнa дистопија каде секој се бори против секого. Државите се борат една против друга која ќе има пониски даноци и ќе привлече повеќе капитал. Граѓаните се борат меѓу себе кој ќе работи повеќе за помалку пари. Со децении квалитетот на јавните услуги постепено опаѓа, а милијардерите имаат се повеќе милијарди.
Беа потребни 150 години борба на Македонците за да дојдат до своја држава и нација. Не дозволувајте сето ова да исчезне.