Ќенефите на МНР

Македонскиот дипломатски синдикат пред некое време се пожали дека со месеци немаат сапун за раце во ВЦ-ата на МНР. Веќе утредента бил набавен сапун но некој таму очигледно мисли дека со тоа ја завршил својата задача околу хигиената. Чекајте да видите какви им се вецеата и во каков бангладешки стандард функционира македонската дипломатија.

 

Почитувано раководство на МНР,

На сликите гледате само неколку од тоалетите кои ги користиме ние вработените, но исто така и домашните и странски гости кои службено доаѓаат во нашата куќа.

Дали ваквата понижувачка и нехигиенска состојба, далеку од основното човечко достоинство, прилега на едно министерство за надворешни работи кое што треба да ја претставува државата?

Дали вака и дома си ги одржувате тоалетите?

Македонски дипломатски синдикат
(mds@mfa.gov.mk)

п.с. Горенаведеното писмо било пуштено до цело МНР, вклучувајќи го и Бујар Османи. Една недела нема никаков одговор или реакција, а ни тендер за нови шољи не е распишан.

30 август 2022 - 10:20