Д-р Александар Атанасовски, професор по византологија на Kатедрата по историја на Филозофскиот факултет.
*********
********
Проф. д-р Илија Велев, по објавените препораки на Комисијата за историја за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и за цар Самоил, порачува:
ДОСТА Е!
Не растурајте бугарска хегемонистичка магла, почитувани македонски колеги – членови на билатералната бугарско-македонска Комисија за историски и образовни прашања!Јавно Ве прашувам.
Дали сметате дека ќе се најде некој сериозен медијавист и кирилометодиевист надвор од палеобугаристиката што ќе ги сфати за научно сериозни „експертските препораки“ на заедничката македонско-бугарска политиканска Комисија за историски и образовни прашања?