Едни од најдобрите тројца кошаркари во НБА, Никола Јокиќ, двократниот МВП на најсилната лига, Јанис Адетокумбо и фантастичниот Лука Дончиќ би требало да се појават на претстојното Европско првенство кое ќе се игра од 1 до 19 септември годинава.
Во последниот натпревар за пласман на европска селекција на Светско првенство 2022, Велс на домашен терен во финалето на баражот ја совлада Украина со 1:0. Единствениот гол беше автогол на најдобриот украински фудбалер Андреј Јармоленко по слободен удар на Герет Бејл.
Фудбалската репрезентација на Украина долго го чекаше мечот против Шкотска. Поради воениот конфликт меѓу Украина и Русија, УЕФА го одложи бараж мечот со Шкотланѓаните а Украинците еден месец се спремаа во Словенија. И се испостави дека врвно се спремиле за мега дуелот на преполн Хемпден Парк.
Олександр Зинченко ја заврши најтешката сезона во кариерата и имаше наплив на емоции за време на прославата на шампионската титула, исто така веројатно најтешка откако игра фудбал.
Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко го презентираше дресот „Обединети за Украина“ на кој стојат знамињата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Косово...
Руслан Малиновски од Аталанта е еден од оние фудбалски ликови кои работат на помирување, но и спасување на луѓе од хоророт кој му се случува во татковината. Му подаде рака на талент од Шахтјор кој блесна за тимот од Бергамо.