Осмото издание на Tour de Lake е за поддршка и помош на Светлана Георгиевска.
* Пријавувањето за учество во турата се врши со донација од 300 или 500 денари, електронски или лично во Мерида, а можно е пријавување и донации и на денот на турата. Од секоја донација по електронски пат ТРЕБА да се направи Screenshot и да се ИСПРАТИ на Вибер на 071 604 604 или на мејлот macedonianbikeriders@gmail.com
Може да донирате на:
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧОТ: Светлана Георгиевска - Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска Банка АД - Скопје
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 200002542315187
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Донација
* Или во кутијата за донации која е поставена во продажниот салон на Мерида.
* Можно е пријавување и донации и на денот на турата.
* За секоја донација од 300 или 500 денари обезбеден е стартен пакет.
* Секој од пријавените учесници за турата добива ливче со бројче и печат со кое ќе треба да го подигне стартниот пакет од 19 - 21 мај 2022 во Мерида или на самиот ден на турата, 22 мај 2022 год. во Охрид.
* СИТЕ кои нема да можат да возат, а сакаат да ја поддржат турата на Macedonian Bike Riders околу Охридско езеро, тоа може да го направат со донирање директно на сметката на Светлана или во кутијата за донации поставена во Мерида. Добродојдени се сите донации.
Дополнителни и повеќе информации може да добиете на телефонот 071 604 604 – Горан Богоевски, како и на Фејсбук страната на Macedonian Bike Riders. Повеќе за настанот овде.