На 1 февруари - ден пред Денот на мрмотот - на Нетфликс излезе серија која само на прв поглед изгледа како верзија на истоимениот филм. Да, главниот лик поминува низ истиот ден, одново и одново. Ама целата работа е малку покомплицирана.
Tекстов можеби нема ништо да им значи на оние родени после 1980. Но можеби и тие би се навлекле на еден од најсаканите мјузикли на сите времиња, доколку го изгледаат денес.
Некои идни толкувачи на културата сигурно ќе се обидуваат да најдат можни врски помеѓу ликовите и делата на славните музичари кои нè напуштија годинава, во потрага по „цајтгајст“-от на нашава епоха. За да им ја олесниме работата, направивме мешап од нивни стихови.
Во рубрикава често сме пишувале за академски плагијати, објавување чисти глупости како висока наука и, последно но не и најмалку важно, софтвер за генерирање случајни стручни статии. Ама ова е и за нас ново - научен труд напишан со опцијата „аутокомплит“.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.
Не сме баш сигурни околу споредбата со GoT, но во книгата на Хусеин дефинитивно има некакви племиња и некакви политички интриги. За останатото, ќе мора да се прочита.
Суетни и елоквентни какви што обично се, познатите писатели знаеле да напишат отровни писма до нивни колеги, критикувајќи ги за сè и сешто. Кога пак нивните читатели доволно се описмениле, и тие почнале да им испраќаат пофални, но понекогаш и гневни писма на домашна адреса. Денес сè е на ачик.
Еве еден начин како да го преживеете периодот на неизвесност и празнина до петата сезона на серијата - на 7. октомври HBO во соработка со издавачката куќа Living Language ќе ја издаде книгата „Живиот јазик дотраки: конверзациски курс" од лингвистот Дејвид Петерсон.
Не е лесно и ако актер ти дојде ненаспан, настине или скрши нога, а камоли ако ти умре. Сепак, ретко кој од холивудските филмови не доживува премиера заради ова. Некои од нив дури и фино заработуваат на ненадејната умирачка на главниот лик.
Гардијан покани познати британски автори да напишат цел роман во 140 карактери. Резултатот? Па, иако е тешко да се наречат „романи“, некои се навистина добри, заокружени приказни. Пробајте и сами на #твитерфикција.
Икеа деновиве првин беше критикувана за цензурирање на фотка испратена на нејзин конкурс, на која неколкумина се облечени во стилот на Пуси Рајот. Веднаш потоа мораше да се извинува за сличен потег.
Марко Погачар, кого го нарекуваат најдобриот млад хрватски поет, и чија поезија неодамна беше објавена на македонски, во Букса пишува за една група со која пораснав, и за песна која како што се трупаат тоните бронза во градов станува сè поактуелна. Баш ме израдува.
Има една сцена од документарецот за Леонард Коен I'm Your Man (2005) во која Ник Кејв ја опишува својата прва средба со музиката на Коен. Почнува течно, со фактите, каде и кога, но кога треба да го опише она што го почувствувал во тој миг речитиот и начитан Кејв почнува да д'тка.