На новогодишната ноќ во Љубљана почина Душан Јовановиќ (81), театарски режисер, драматург и есеист, автор на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“. Во неговата последна, автобиографска книга, тој со голема љубов зборува за Скопје и, особено, за Македонките.
Покрај гужвата од кардиолошко освестени, Вардарот е полн рибари во овој период од годината, од ним познати причини. Двајца, 50+, на некое метро дистанца, фокусирани на тапите ко партиски бот на твитер, со 3 дена бради, цигара што сама догорува во уста, без да тргне поглед од водата, едниот вели: Ја ебаа рекава брат, ова веќе ни љубљански конзилиум не го оправа!
Јас лично се чувствувам ограбена, изневерена, манипулирана од овој "стабилен" систем, а макотрпно штедените пари во текот на 25 години, пропаднаа во тој "стабилен" систем. Систем за кој континуирано бевме убедувани од страна на НБРМ дека функцонира и дека тие - НБРМ работат во и за наш интерес, за интересот на граѓаните од чии пари живеат. Ние граѓаните испаднавме жртви само затоа што верувавме. Верувавме и затоа што во Еуростандард Банка штедеше и првиот човек на МФ - самата министерка за финансии.
Познатиот бренд за дехидрирана храна LINO на компанијата Подравка, a како дел од кампањата за промоција на новите производи Čokolino FIT и Čokolino Plus White за првпат соработува со мегапопуларната ракометна ѕвезда Игор Карачиќ.
Утре, петок, 13.12, во 12 часот на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ ќе биде промовирана првата фаза од долгорочен проект за мапирање на недвижното културно наследство на Скопје.
Во најновата еко-акција, што се спроведе во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, волонтерите на Пивара Скопје исчистија неколку километри од кејот на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба. При тоа беше собран целиот сув отпад од патеките и бреговите на двете страни на реката, кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран.
На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group гордо го претстави својот најнов член - Next Door Park Hotel, којшто со својот карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско освежување за Скопје. Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.
Никој нема да ни биде крив и никому нема да можеме да се пожалиме. Сите ќе ни викаат дека сами си потпишавме, сами се спогодивме и сами ќе треба да си ги голтнеме сите наши песни и стихови изнапишани, уште еднаш да ги презакопаме сите наши дејци и борци за Македонија и сè тоа во утробите наши да ни стои за да не можеме никогаш да го извадиме.