Умрело дете за кора: Оловни деца
Ние сме оловните деца од Вардар
Живееме во нашиот обав град
Војска не одиме, за Борец навиваме
Растеме во среќа, игри и чад
Оџаците високи здивот ни го земаат
Ластовички нема, магариња гинат
Луѓето се среќни, зошто да се чудат
Олово ќе јадат секојпат штом зинат
Топилница, топилница за олово и злетово
Морам да останам да се трујам летово.
Облаци темни над градот се шират
Облаци темни во нашата свест
Оловните деца со кренати глави
Подоброто утре упорно го чекаат
Топилница, топилница за олово и злетово
Морам да останам да се трујам летово.
На нашите лица е израз на болка
Во нашите гради е отровен талог
Наивни жртви на туѓи идеали
Животите наши се оставени во залог
Топилница, топилница за олово и злетово
Морам да останам да се трујам летово.