Нема многу време за сумирање и правење осврти за неговите игри. Само што ќе објавиме нешто за овој човек, следува нова негова неверојатна партија, како да е најнормално и најлесно така да се игра и доминира во НБА.
Само два дена откако беше исклучен поради две технички грешки, Никола Јокиќ повторно се најде во нетипична ситуација за него, да биде испровоциран и да демонстрира нервоза.
Осумкратниот освојувач на Златната топка не може да дише од луѓе. Освен личниот телохранител, овде не се знае уште колку се обезбедување за да стигне читав до комбето.
Лионел Меси е изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер за 2023-та. Има осум Златни топки со кои води убедливо пред Роналдо со пет. Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен останаа на три.
Шампионот Денвер има 3 од 3 во новата сезона. Овој пат славеа над Оклахома, убедливо со 128:95. 28 поени, 14 скока и 5 асистенции за Јокиќ, како и еден нокаут.
Уште не почната сезоната во НБА, генијалецот од Сомбор почна да прави будалаштини. Прво трипл дабл против Лејкерски, а синоќа 22 поени, 12 скока и 7 асистенции за втор триумф, овој над Мемфис на гости од 108:104. Погледнете што чудесија од пас изведе на 30 секунди до крај и тоа за цепелин до Гордон. Американците побудалеа од воодушевување.
Светскиот првак за сега ги игра перфектно мундијалските квалификации со 4 од 4, а ноќеска го совлада Перу на гости со 0:2. Ново шоу на Лео кој блесна со два убави гола, од кои едниот многу јак на прва.
Прво ќе помислиш дека е како недозагреан и недоотрезнет од долгиот летен џумбуз, а после сфаќаш уствари дека ова е он, типичен Никола Јокиќ во игра еден на еден. Во новиот претсезонски меч против Чикаго, овој пат Денвер славеше со 116:102. 15 поени, 9 скока и 5 асистенции за Србинот.
УЕФА ја објави листата на топ 10 голови на сезоната во Лигата на шампиониte. Два се на Мбапе, а победник е Лео Меси кој на мечот против Бенфика реагираше како на Плејстејшн.
При Џордан, Леброн, Коби, Шек, Меџик и цела плејада на легенди, доаѓа едно скромно момче од Сомбор кое до вчера бараше другари за баскет преку Фејсбук и станува прв кошаркар во историјата со 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции на меч од НБА финале. „Не ми е гајле, тоа е само статистика“, вели после мечот. Џабе го прашуваат на темава.
Кевин Дурант за него изјави дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет, а Леброн го нарече ѕвер и рече дека е посебен. А тоа е едно така едноставно и скромно момче, што сака да јава коњи и да се забавува под кошевите.
И покрај тоа што за едно полувреме им дадоа 73 поени од кои 31 беа на Леброн и водеа 15 разлика, Лос Анџелес Лејкерс едноставно во оваа финална серија не можеше да излезе на крај со Јокиќ и другарите.
Нагетси ја одбранија и втората битка на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс пред серијата во финалето на Западот да се пресели на гостински терен. Импресивни 23 поени за Мареј во последната четвртина.
Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.
Толку требаше. Само два дена откако ги растури дома, им отиде на гости и им ја заврши сезоната. Јокиќ го врати Денвер во финалето на Западната конференција по пауза од три години.