Новото шоу на Меси во Мајами содржи два гола, асистенција и победа од 4:0

Само четири дена откако дебитираше спектакуларно со слободен удар во 94-та минута вреден триумф, Меси одново блесна во новата средина.

Најдобриот според многумина одново ја забавуваше американската публика и тоа со два гола уште во првите 22 минути од средбата против Атлатна Јунајтед во Лига Купот која ја добија со 4:0.

И тоа како левак, Меси ги постигна двата гола со десна, што е реткост, а потоа му асистираше на Финецот Роберт Тејлор кој исто така го заврши мечот со два гола и асистенција.

Асистенција запиша и Серхио Бускетс кој со прекрасно додавање го најде Меси за првиот гол во 8 минута.

Со головите против Атланта, Меси стана стрелец против 100 клубови во кариерата.

 

Спектакуларно деби на Меси во САД со гол од слободен удар во 94 минута 

26 јули 2023 - 08:56