Спектакуларно деби на Меси во САД со гол од слободен удар во 94 минута

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, приреди шоу во Мајами само што го облече новиот дрес. Да сакаше некој да смисли, немаше да му текне појако сценарио на дебито.

Интер Мајами славеше над Круз Азул од Мексико со 2:1, благодарение на аргентинскиот ас кој го реши натпреварот во 94-та на мајсторски начин во негов стил.

Меси влезе во игра во 54-та минута кога неговиот тим водеше 1:0, а 10 минута подоцна стигна израмнувањето.

Во последните мигови од средбата со прекрасен удар од слободен го запали цел стадион заедно со коментаторот.

Дејвид Бекам беше посебно возбуден, а голема радост имаше и кај неговото семејство. На трибини уживаше и Серена Вилијамс која реагираше како ултрас. 

Мечот се играше во рамките на Лига купот на Северна и Централна Америка.

22 јули 2023 - 13:12