Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.
По неколкучасовна дебата меѓу украинските лидери околу отворањето преговори со Украина, германскиот канцелар му предложил на Орбан да излезе малку од салата, и ако сака да оди да пие едно кафе.
Откако им стана јасно дека е сосема можно да секнат западните пари и помош кои го одржуваат функционирањето на украинската држава, украинските политичари разгледуваат начини како да соберат пари за финансирање на ослободувањето на земјата. Главно сè со што располагаат е непопуларно.
Во декември 1994 Русија, САД и Британија, седнаа, ветија и потпишаа дека ќе ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на Украина доколку државата го предаде својот нуклеарен арсенал (еден дел да се уништи, еден дел да се испрати во Русија). На денот на потпишувањето Украина има над 2.300 нуклеарни глави. Речиси 30 години подоцна Украина е минус 20% од својата територија.
Крвава безизлезна ситуација, или нешто полошо, станува поверојатна доколку Западот не сфати дека Киев мора забрзано да се приклучи кон Алијансата, порачува поранешниот потпретседател на британските Конзервативци, Мајкл Ашкрофт.
Возило со жена, 12-годишно девојче и мачка во транспортер во јули 2022 од Естонија влегуваат во Русија. Според досега необјавено сведоштво што го пренесува Вашингтон пост, во транспортерот освен мачка има скриено и непознато количество експлозив. Истиот овој експлозив на 20 август 2022 требаше да биде искористен за убивање на Александар Дугин. Наместо него, беше убиена ќерка му, Дарја.
Стратегијата е случувањата во Израел да се искористат за да се извадат пари за Украина и покрај противењето на републиканците на финансирањето на украинската војна.
Слободна трговија, врзана со американскиот долар и пораменета надворешна политика со надворешната политика на САД, беа столбовите на светскиот поредок кој доминира на планетава од крајот од Втората светска војна. Речиси 80 години подоцна, глобалниот југ, новиот назив за земјите во развој, полека почнаа да ги ревидираат овие правила.
Како членка на НАТО Украина станува една од земјите во светот која не ги освојува своите соседи и на тој начин Русија и нејзината територија се безбедни од евентуална идна окупација од страна на Украина. Барем Зеленски така гледа на работите.
Цената што НАТО ќе треба да ја плати за проширување на Алијансата е далеку поголема отколку користа што ќе ја има, предупредуваат двајцата автори од Като институтот во текстот за Форин полиси.
Ако на почетокот од војната употребата на касетни бомби од руската страна беше прогласено за „воено злосторство“, сега американската пратка на касетни бомби за Украина од истите луѓе се води како неопходна помош.
Пред Пригожин да се повлече во саботата вечерта, повеќе западни функционери контактирале со украински функционери на различни позиции и нивоа за да ги предупредат да не помислат да го искористат хаосот во Русија и да почнат со напади на мети во земјата.
Неколку дена откако првиот човек на американскиот генералштаб порача дека Ф-16ките нема многу да сменат и дека Украинците треба да се крстат во ПВО системите, Блумберг објавува изјави на неколку американски воени пилоти кои јасно кажуваат дека руските ПВО ракети без проблем можат да ги решат Ф-16ките.
Ако украинската војска стигне до границата на Крим, Киев е подготвен да седне на маса со Москва и да преговараат за иднината на полуостровот, изјавил за Фајненшл тајмс висок советник на Зеленски, што е до сега најексплицитна изјава од Киев околу можноста за преговори со Русија.
САД, заедно со Германија и Унгарија, се против притисоците од Полска и балтичките земји за поголемо поврзување на НАТО со Украина, па макар тоа било давање и план со чекори од Алијансата за Киев.
Најголемите глобални енергетски компании кои го собраа кајмакот од блесавите цени на енергенсите последнава година треба дел од тој профит да го инвестираат во обновата на Украина, порача украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.
Откако еден Рипер дрон им заврши на дното на Црното море по судирот со руската авијација, САД ја симнаа на југ границата до која смеат да летаат нивните разузнавачки дронови како не би им се повторил инцидентот.
Западните функционери сакаат да посочат дека 141 од 193 земји членки на О.Н. ја подржаа неодамнешната резолуција со која се бара Русија да се повлече од Украина. Меѓутоа меѓу 32-те кои се воздржаа од гласање беа Кина, Индија, Пакистан и Јужна Африка, на кои отпаѓа околу 40% од светската популација.
Економските санкции стандардно со години носеа најголем ќар за Вашингтон во однос на средствата кои беа вложувани за нивно спроведување. Една година војна во Украина и санкции против Русија значително ја изменија оваа математика, не дека не удрија кај што треба, туку не го пишманија Кремљ.
Херојството на Украинците во борбите против руската армија на почетокот од војната се отсликуваше и со непрестаен наплив на нови волонтери за влегување во униформа и заминување на фронт. Последниве месеци ентузијазмот на овие вторите полека почнува да се губи, пишува Вол стрит журнал.
Ако се суди според стартот, Англичаните се најсериозни кандидати за првата позиција во квалификациската група Ц за ЕП 2024, каде што е и Македонија. По триумфот на гости против Италија, во второто коло ја совладаа дома Украина со 2:0. Кејн и Сака за 3 минути ја заверија победата. 21 годишниот член на Арсенал постигна убав гол.
За Бајден и Белата куќа не беше ни најмалку пријатно тоа што беа оставени да седат на страна додека нивните двајца најголеми противници, Русија и Кина, на само разговараа околу мировниот договор за Украина кој САД претходно го прогласија за неприфатлив.
На денешен ден војна во Пацификот е поверојатна отколку кога било до сега од крајот на Втората светска војна, а најверојатно е тоа да се случи во моментот кога Кина ќе тргне да го припојува Тајван, кој пак е критичен стратешки интерес на САД.
Поддршката на американската јавност за снабдувањето на Украина со секаков вид на американска помош е во константен пад и веќе не е сигурно до кога САД ќе може да продолжи со помошта во досегашниот обем.
Неполна недела откако се појавија извештаите на разузнавачките служби дека „Путин игра на време“ Вашингтон пост објавува дека американски функционери почнале да ги притискаат украинските лидери дека е крајно време да се направи значителен напредок на военото поле.