26 годишниот Дмитро Горига е новото име на РК Вардар за следната сезона, кој ќе игра на позицијата лев бек. Пристигнува од Катар, а има играно и во Франција, Полска и Украина. Погледнете ја оваа бомба со моќен удар против Хрватска на Европското 2022.
Комити како и многу пати сезонава направија фешта во бараж мечот на Вардар против Детонит Плачковица кој го добија со 2:0. Го згрмија големиот македонски хит и приредија пиротехничко шоу.
Навивачката група Комити го издржаа на плеќи Вардар до крај и со целосна посвета и огромна поддршка стигнаа до нов опстанок во баражот за прва лига. Но овој пат како целосни сопственици.
Навивачите на Вардар секоја година, на свој начин го најавуваат христовото воскресение. Овој пат, големото пиротехничко шоу со кое го осветлија небото, беше организирано во Драчево.
Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.
Со голот на Дејан Ѓуриќ во 73-та минута, ФК Вардар го урна актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум и за еден бод избега од опасната зона на испаѓање. Фудбалерите водат грчевита борба за опстанок, а Комити борба за финансиски опстанок. Истовремено се во топ форма со цртање графити и правење прекрасни кореографии.
Добри Комити еј, одлични. Изгинаа за клубот. На сета мака со пари, неизвесност, испаѓање од лига, враќање во лига и празни ветувања, упорно го држат Вардар на свои плеќи, без ќорав спонзор, а истовремено го одржуваат и имиџот. Од неделната дружба во Козле каде изработија три големи графити, објавија и мангупско видео.
Најверните навивачи на Вардар вчера организираа голем собир во паркот од населбата Козле спроти поранешна Алумина. Падна голема дружба со скара и пиво, но имаше и многу работа за уметничките души во групата. Изработија три големи графити во должина од 250 метри.
Јако тифо со моќна увертира пред мечот имаа викендов навивачите на Вардар на дербито против Шкендија (1:1), кое дефинитивно заслужува да се игра на Градски, а не во Маџари. На микрофонот е Бојана Скендеровски, придружувана од екстра мотивираниот хор на Комити за кои секој стих од славната „Заветна“ на Пепи Бафтировски е посебна емоција, бидејќи ја опишува пред сè историско националната, а потоа и клупска голгота и борба која ја водат. Слушнете со колкав жар ја пејат.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.
Полуфиналето меѓу Франција и Шведска, кое Французите го решија во продолженија после слободен удар по истекот на 60-те минути е вистинска реткост во ракометот. Таков финиш се памети и на дербито меѓу Пелистер и Вардар на 11 октомври 2006-та. Проектилот го постигна Дејан Пецаковски, за победа и делириум во салата Младост.
Најновата прес конференција, Вардарци ја почнаа во 5 до 12, како симболика на времето во кое веќе подолго време се наоѓа клубот. Во преговори се со инвеститор од странство. Главните институции и натаму глуви.
Ракометарите на Вардар како освојувачки на Купот, го освоија и Супер Купот на Македонија откако во финалето во Струмица го совладаа шампионот Пелистер со 30:26. На нешто повеќе од 3 минути до крајот, првиот Јапонец во мак ракометот, ја крена на нозе салата Парк.
Навивачите на Шкупи и Левски синоќа имаа бурна ноќ со инциденти во Чаир и на стадион и биланс од 21 уапсен и еден прободен. Некаде, некако во близина биле и навивачите на Вардар кои скришно им дрпнале навивачки реквизити на гостинските навивачи.
Двократниот европски првак ги запали моторите за новата сезона која им стартува против бундеслигашката пречка Рајн Некар за влез во Европа. Во Јане Сандански има многу промени.
По стартот на акцијата за продажба на сезонски карти, Комити заедно со тројца фудбалери на Вардар одржаа прес конференција за да ја запознаат јавноста со состојбата на клубот и плановите за иднина.
Навивачката група Комити како нови газди на ФК Вардар кои целосно го преземаа клубот, ја стартуваат првата акција пред стартот на сезона. Нудат сезонски билети од 1.000 денари за сите домашни натпревари. Парите ќе одат во касата за функционирање на клубот.
ФК Вардар ги запали моторите и почна да се спрема за кам бекот во прволигашката конкуренција. Се вратија на Градски, нивниот дом со децении и уште на првиот тренинг добија голема поддршка од Комити.
22 годишниот Косуке Јашихура е првиот јапонскиот ракометар кој ќе заигра за Вардар. Пристигнува како среден бек од Полска, од тимот на Висла Плоцк, а претходно во дресот на Ним ја импресионираше француската публика со начинот на кој се реши да изведе удар од 7 метри.
По макотрпната работа околу помош и логистика, како и безрезервна поддршка на секој меч, Комити со силно темпо продолжија да се борат за Вардар и по остварувањето на целта, а тоа е кам бекот во Првата македонска лига.
Битка меѓу две скопски екипи од ваква важност да се игра во Кавадарци е апсурд по сите параметри. И коментаторите констатираа дека инфраструктурните капацитети на стадионот не задоволуваат за еден ваков натпревар. Причината е едноставна, знамето смета, не може да се гледа убаво на тв. Кај оди ултраси и камери на иста трибина?