Лани кога се појави со нетрпение очекуваниот Harry Potter Reunion, каде што ги видовме сите пораснати како носталгично се потсетуваат на снимањата, медиумите толкуваа дека авторката на цел тој свет, Џ. К. Роулинг не ја ни викнале затоа што имаше проблематични изјави за транс-лицата. Џабе си правеа филмови.
Њујорк Тајмс ја одобри идејата дека наводниот ретрограден био-есенцијализам на Џ. К. Роулинг не само што не е модерен, туку го прави нејзиното постоење непожелно.
Веќе некое време светот се однесува како Џ. К. Роулинг да е вештерка (и тоа во најлошата смисла на зборот) и ја лови на секоја запирка, затоа што е упорна со својот став дека општеството не игра паметно во однос на некои од правата што им се овозможуваат на транс-луѓето.
Екипата (барем дел од неа) на „Хари Потер“ се собра да прослави 20 години од првиот филм во специјална епизода на ХБО. Зборуваа тројцата најбитни, па Роби Колтрејн, па Хелена Бонам Картер и Гери Олдман, тројца од режисерите и други слични важни имиња. И имаше 2-3 архивски снимки од Роулинг без која еден куп деца сега немаше да имаат кариери, а милиони ширум светот немаше да имаат - Хари Потер.