Кратко пред да се емитува, Ентертејнмент Викли напиша дека Џ.К всушност била и поканета, но „од нејзиниот тим“ одлучиле дека доволно е да ја има само на архивски снимки.
А сега и самата го потврди тоа, кај Греам Нортон. Тој спомнал дека „ја исклучиле“, но таа му одговара „па, не бев, всушност.“
„Ме поканија да се појавам на тоа. Решив дека не сакам. Мислам дека повеќе беше за филмовите отколку за книгите, како што и требаше. Никој не рече - немој. Ме прашаа и решив да не се појавувам.“
Дури и да е ова 100% вистина, има основа да се претпостави дека Роулинг во иста просторија со актерите од франшизата ќе создадеше непријатна ситуација.