Во „Тројцата разгалени милионери против жената што ги создаде“ пишувавме дека Даниел Ретклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон - сите практично се свртеа против нејзе и без никакво дообјаснување напишаа дека не се согласуваат со неа, па со тоа уште повеќе ја разгореа кладата запалена од борците за социјална правда.
Во интервју, Џејсон Ајзакс кој, иронично, играше еден од најнегативните ликови во серијалот, едноставно рече - „јас нема да забивам нож во грб“:
„Има многу работи околу Џо,“ вели тој. „Знаете, јас играм комплицирани луѓе, ме интересираат комплицирани луѓе. Не сакам да бидам вовлечен во транс прашања, да зборувам за нив, затоа што тоа е едно такво исклучително минско поле.
Таа има свои мислења, јас имам свои. Се разликуваат во многу области. Но, една од работите што луѓето треба да ја знаат за неа е - не како контра-аргумент - е дека има истурено огромен дел од нејзиното богатство за светот да биде подобро место, за стотици, илјадници ранливи деца, преку нејзината фондација Лумос. Тоа е недвосмислено добро. Многу од нас актерите од Хари Потер сме работеле за тоа и сме виделе што можат да направат.
Затоа, за сѐ што кажала контроверзно, немав намера да скокнам да ја забодам ни во гради, ни во грб, без да разговарам со нејезе, а тоа сѐ уште не сме стигнале да го направиме.“
Ете, така требаше.