Минатиот месец, Греам Нортон разговараше со Џ. К. Роулинг на неговата радио-емисија, меѓу другото и за кансел-културата. И му се налутија зошто воопшто ја викал. Одлуката наиде на негодувања бидејќи сега Роулинг важи за трансфоб, поради коментарите за родов идентитет и трансродови жени.
Но, во интервју за Тајмс, Греам ја одбрани својата одлука да ја покани писателката, инсистирајќи дека „не е во ред“ да не интервјуира некого, само затоа што не се согласува со погледите на светот.
„Дали сум јас одеднаш морално мерило во светот за тоа кој смее, а кој не смее да биде на телевизија? Не.
Луѓето доаѓаат кај мене и се смееме и тоа некого ќе го изнервира, но да не ги викам е еднакво лошо. Не би ја викал да си ги кажува тие мислења, но сепак има право да зборува за нејзиниот крими-роман. Најлесно би било да не ја викнам, ама тоа не е во ред.“
Роулинг инсистира пак, дека не е трансфоб, иако постојано е на мета на критики поради забелешките што ги дава на таа тема.
Откако се објави дека ќе оди кај Нортон, двајца најавени гости, креаторите на музички театар Луси Мос и Тоби Марлоу ги повлекоа своите гостувања, со изјава дека не им е пријатно да бидат на ист список со Роулинг.