Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Фантастичен фудбал гледавме вечерва во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ. Пари Сен Жермен успеа да освои 3 златни бода против Јунајтед и да остане во игра за нокаут фазата. Лацио до важен бод во Дортмунд, а Жиру направи чудо со 4 комада во Андалузија.
И без Меси и Френки Де Јонг кои Куман реши да ги одмори, Барса убедливо го победи Динамо во Украина. Манчестер му се одмазди на Башакшехир за поразот во Истанбул, а ПСЖ до крај ќе води битка да помине група.
Несвесна во какви времиња проаѓа светот, фудбалската јавност на голема врата најавуваше мега-дуел Роналдо-Меси во рамки на дербито Јувентус - Барселона во Лига на шампиони. Како Меси и Кристијано да се отпорни на глобалниот вирус. Го немаше Роналдо, па Мората дојде во прв план.
Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.
Недела 4 октомври 2020 ќе се памти како еден од полудите денови кога фудбалот е во прашање. Британија уште не може да поверува што ги снајде Ливерпул и Манчстер Јунајтед (7:2, 1:6), а во Италија некои аматерски работи се случија.
За разлика од минатата сезона кога Конте имаше примедби до управата дека не ги добил бараните засилувања, овојпат Бепе Марота му ги овозможи искусните играчи кои дополнително ќе го продлабочат составот. Ако остане Шкриниар во тимот, Интер ќе биде сериозен фаворит за скудето.
Отраканиот Патрис Евра неколку пати кажа дека најомилен клуб во којшто играл со сигурност му е Јувентус, па сега искористи прилика да му го честита 9-то скудето по ред на шампионот на Италија со песна.
Иако за „Старата дама“ играа врвни напаѓачи низ историјата, скоро шест децении ниту еден центарфор не постигнал 25 или повеќе гола. Португалскиот ас ја стигна оваа бројка.
Интересно, во вечерта кога Барселона објави на Твитер дека Меси го постигнал 700-от гол во кариерата, и Португалецот го постигна својот 728-ми и тоа прекрасен гол против Џенова (1-3) на гости.
Во понеделникот шпанскиот и италијанскиот шампион официјално договорија обратни трансфери па така Артур оди во Торино за 80 милиони евра, Пјаниќ во Каталонија за 70 милиони евра и на крај и двата клуба ќе имаат ќар. Како?
Играчите може да протестираат кај судиите, ама од дистанца, бидејќи ако тоа го прават како до сега, апла ќе ја прекршат најважната мерка која е на прво место во цела планета.
Џорџо Кјелини е еден од главните јунаци на карантинот во Серија А. Капитенот на Јувентус меѓу првите се договори со сите соиграчи за тешкото прашање - да се откажат од плати за два месеци и да ги добијат парите кога фудбалот ќе се нормализира.
Многу, многу легендарно последно коло во Серија А, ден кој тифозите на Интер сакаат да го избришат од сеќавање, а навивачите на Јувентус го одбележуваат како ден на победата.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
Од големиот трансфер на Швеѓанецот со македонско потекло во Јувентус најмногу причини за задоволство има Аталанта, а задоволно се смешка и шведскиот клуб Бромапојкарна.