А наскоро (неделава) излегува неговата автобиографија „Јас, Џорџо“ од чија продажба сите средства ќе бидат наменети во хуманитарни цели.
Пред да илзезе книгата најголемиот борец во европскиот фудбал, даде интервју за изданието La Repubblica и откри некои интересни моменти од книгата.
Пример, кои двајцата фудбалери биле лоши и како луѓе и како играчи.
„Двајца фудбалери многу ме разочараа и јас можам да повторам се што напишав во книга. Балотели (Марио) е лош човек кој не ја почитува екипата. Во 2013-та година во еден меч од Куп на Конфедерации со Бразил, тој никако не и помагаше на репрезентацијата и заслужи шамар.
Некој сметаше дека тој е меѓу топ5 напаѓачи на свет, а јас не би го ставил ниту во топ10, ниту во топ20. Како моите зборови ќе се одразат на средбата со Балотели на мечот со Бреша? Немам јас никаква лоша намера. Би му го кажал и отворено во лице.
А вториот омразен играч на Џорџо е еден лик кој не му е само нему омразен. Со Бразилецот Фелипе Мело беа соиграчи во Јуве од 2009 до 2011.
„Уште еден играч кој беше уште полош од Марио е Фелипе Мело, буквално најлош од најлошите. Не можам да сфатам луѓе кои не го уважуваат останатите и сакаат да бидат бел гавран во друштво“.
Кога тој беше во тимот, постојано имавме чувство дека може да избувне конфилкт. За тоа ја информирав и управата. Им реков: „Овој човек е расипан“. Ако треба да зборувам со овие луѓе, ќе зборувам. Не можам да бидам другар со сите, ама само овие двајца ги преминаа сите граници“, вели Кјелини за Балотели и Мело
И Марио и Фелипе веќе му одговорија на Џорџо.
„Барем имам доволно храбрости и машкост да ти го кажам тоа во лице. Од 2013-та година ти имаше многу шанси да го направиш тоа, можеше да испаднеш прав маж, но не го стори тоа.
Кој знае што ти, чуден капитену, еден ден ќе кажеш за своите сегашни соиграчи. Ако тоа значи да се биде шампион, поарно да не сум таков шампион. И никогаш не сум покажал непочит кон дресот на репрезентацијата на Италија“, му одговорил Балотели на капитенот на Јувентус.
Марио до некаде е во право, затоа што Џорџо имал многу шанси да му го каже тоа во лице. После мечот со репрезентацијата на Бразил во 2013-та Балотели и Кјелини заедно се нашле на теренот 9 пати: 7 во репрезентацијата и 2 пати како противници на теренот иако севкупно 20 минути во клупскиот фудбал.
Во 2016-та Бало влезе од клупата во финалето на Купот на Италија и оидгра 8 минути, а сезонава играше за Бреша и на мечот против Јувентус Кјелини го замени Бонучи во финишот и дури и поразговара со разочараниот Балотели.
А бразилскиот коскокршач (14 црвени картони во кариерата) исто брзо му одговорил на некогашниот соиграч. Откако Кјелини го нарекол најлош од најлошите Мело вели дека неговиот поранешен соиграч е „кукавица која уште гризе“.
„Можно е да се гневи на мене зошто со Галатасарај со мене во тимот го исфрли Јувентус во Лига на шампиони (2013-та Јуве и Галатасарај беа во иста група, во Торино мечот заврши 2:2 а Јуве изгуби во Истанбул со 1:0 и заврши трет во група). Или што Интер освои сè, а јас сум интериста.
Баш би сакал да знам на кои инциденти мисли. Кога бев во Торино, секогаш имав респект за сите: за соиграчите, за директорите и за Јувентус генерално. Од сега па натаму јас немам респект за него (Кјелини). И никогаш нема да имам.
Вика дека Балотели требал да биде ошамаран и дека јас сум најлош од најлошите кои секогаш прави неволји: Добро, тој секогаш беше кукавица која се вади себеси...
Ова (исповедта на Џорџо) и личи на Кјелини, тој секогаш од себе прави феномен. Многу е лесно лошо да кажуваш за другите во книга. На крај, да се откриваат одредени работи е непрофесионално. Тоа е непочит: Јас повеќе ништо нема да кажам, некои работи треба да останат во соблекувална“.
И уште нешто ми паѓа на ум: Бразил во 2009-та ја растури Италија на Купот на Конфедерации кој тогаш го освоивме со мене во репрезентацијата. Можеби му е криво поради тоа што ништо не освоил со репрезентација (на Купот на Конфедерации 2009-та Мело и Кјелини играа за своите репрезентации по 90 минути а Бразилците победија 3:0 и влегоа во полуфинале. Италија испадна откако изгуби од САД)“.