Во една од најдобрите вечери во историјата на славниот клуб од Амстердам, Ајакс го понижи Реал и со 1-4 оди во четвртфиналето. Тадиќ со 2 магични асистенции и прекрасен гол заслужено играч на мечот. Кејн го носи Тотнем понатаму.
Парадоксално и необично, ѕвездичките ги симболизираат 8-те најдобри клуба во Лига на шампиони кои не стигнале до финалната фаза, односно оние 8 клуба кои испаднале.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.
Во последниве две години, ширум фудбалските стадиони во Европа често се пее една неверојатно певлива мелодија која настанала пред 34 години од италијанското дуо Ригеира.
Синоќа по првото полувреме без голови на „Вембли“, во вториот дел Тотенхем со 3:0 ја испраши Борусија Дортмунд и веројатно обезбеди пласман во четвртфиналето.
Се враќаш од работа, навраќаш до кладилна да се пробаш со едно 50че и потоа како ги пратиш утакмиците, така сфаќаш дека 50чето подобро да си го дал за кикирики. Миксот на фини натпревари за играње од Премиер лига и Куп на Италија заврши ужасно лошо.
Толку беше неверојатен стратег што анегдотите од неговата богата и славна тренерска кариера никогаш нема да имаат крај. Поради него на противниците им се треселе нозе на „Олд Трафорд“ кога судијата ќе покажел колку дава продолжение.
Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.
Во текот на мечот Челси - Нотингем Форест од ФА Купот, целиот „Стемфорд Бриџ“ сфати дека овој натпревар ќе биде последен за Сеск Фабрегас не само за Челси туку и воопшто во Англија.
Во текот на целата фудбалска историја Италијанците ги бие глас дека се „намазани“, опасни глумци, а кулминација на оваа теза се случила на 20 октомври 1971 година во германскиот град Менхегладбах каде Интер бил потопен со 7:1 од Борусија.
Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.
На мечот Арсенал - Фулам (4-1), за домаќинот во Премиер лигата дебитираше 17-годишното крило Букајо Сака кој влезе во историјата како прв играч роден во 2001-ва.