Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.
Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
Навивачите на ПСЖ не можеа да влезат на стадион на мечот против Борусија Дортмунд поради мерките кои се донесоа пред натпреварот да нема гледачи со цел да се спречи ширење на вирусот. Ама затоа се накрцаа околу стадионот и непрестано пееа песни. Една беше и многу позната мелодија кај нас.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.
Ракометарите на Вардар катастрофално ја стартуваа новата календарска година во Лига на шампиони. Убедлив пораз од Кил на гости и тоа втор пат сезонава со идентична разлика од 11 гола.
РК Вардар има маестрален старт со 3 од 3 во Лига на шампиони, а во сабота со почеток од 17:30 против Рајн Некар ќе го игра дербито на колото. Клубот во пресрет на големата ракометна битка се вклучи во акција со сообраќајната полиција. Кој ќе вози совесно ќе добие гратис карта директно од капитенот или Даинис Криштопанс.
Откако Вардар и натаму прави парче во Лигата на шампионите и откако завчера го совлада големиот фаворит на хартија, унгарски Веспрем, признание стигна и за одличниот Дибиров.
Без европските прваци Арпад Штербик, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Раул Гонзалес, Хорхе Македа, Давид Дејвис, Жоан Кањељас и Мијајло Марсениќ кои сезонава ги сменија клупските бои, како и повредените Стоилов и Горбок, Вардар во првото коло од новата сезона во ЛШ го тресна Монпеље на гости кој е бранител на титулата. Капитенот не можеше да помогне на паркетот, ама упати еден поздрав.
Македонската радио телевизија, велат оттаму, не наишла на прифатлива понуда од ЕХФ Маркетинг за откуп на правата на пренос од ракометната Лига на шампиони, така што нашите претставници Вардар и Металург ќе ги гледаме на друго место.
Вардар го победи Металург во Автокоманда во последното коло од македонската Суперлига, а тоа значеше дефинитивно крај за осуммина Вардарци. Капитенот Столе Стоилов ги поздрави на Инстаграм со порака „Засекогаш црвено-црни“.
Дваесет и три дена го чекаат Вардар до историскиот втор Фајнал Фор каде прв ривал во борбата за одбрана на златото ќе му биде тимот кој ја елиминираше Барселона во осминафиналето.
Ракометарите на Кил имаа 28:27 на 30 секунди до крајот на првиот четврфинален дуел од Лига на шампиони, но на крајот на семафорот стоеше конечни 28:29. Прво благодарение на Дибиров, а потоа на Македа кој ја искористи грешката на домаќините и со херојски гол од аут му даде крилја на Вардар за реваншот кој е закажан за 7 дена во Скопје. Тоа е кога си имаш работа со европски првак.