Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
Со двете мајстории на Николас Пепе во 80-та и 92-ра, фудбалерите на Арсенал се спасија од срам против Виторија Гимараеш. Пресврт во 90-та направи и Селтик против Лацио.
Во европските купови екипите влегуваат на терен со деца до нив. Ама ретко кој знае колку е тешка процедурата да им се каже на децата кој ќе држи за рака познати фудбалери а кој не. И за тоа има решение.
Стефан Ристовски е единствен македонски репрезентативец сезонава во Лига Европа, но и тој вечерва не настапи поради повреда против ПСВ кој го совлада Спортинг. Дуделанж од Луксембург стигна до првата победа во ЛЕ и тоа со херојски пресврт на гости.
По синоќешната гала вечера на која беа извлечени групите за новата сезона во Лига на шампиони, попладнево во Монтекарло се извлекоа и групите за второто по ранг европско клупско натпреварување.
Првиот голем трансфер во Европа бидна. Го направи Реал Мадрид, откако потпиша договор со српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, шпиц кој сезонава растури во Лига Европа и Бундеслига.
Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.
Притисокот кој Сари го издржа во текот на сезоната е стварно за раскажување. Секој ден излегуваа наслови со негова смена, со шут-карта, а со неговиот авторитет голманот Кепа проба да брише под. На крај Италијанецот покажа дека е многу голем стратег.
Сините го носат во клупскиот музеј на „Стемфорд Бриџ“ и вториот пехар од Лига Европа, освоен во Баку со моќни 4:1 против Арсенал. Играше Челси убав фудбал за око сите 90 и кусур минути.
Во годината кога Роман Абрамович го купува Челси, 2003-та, Маурицио Сари е на почеток на тренерската кариера и со анонимниот клуб Сансовино го освојува Купот на Италија за екипите од Серија Д.
Вест на неделата беше големиот пожар кој ја зафати најпознатата светска катедрала на Пресвета Богородица во Париз. Зданието многу настрада, па голем број луѓе учествуваат во собирање средства за возобновување.
Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.
„Топџиите“ рутински со 3-0 го совладаа француски Рен и се пласираа во 1/4 финале на ЛЕ. Виљареал глатко против Зенит, а во Прага и Лисабон се играа продолженија после кои испаднаа Динамо Загреб и Севиља.
Во преостанатите три осминафинални средби од Лига Европа кои се одиграа во вториот термин од 21:00 часот, немаше никакви изненадувања. Челси и Наполи направија капитална предност на првите дуели, а Валенсија победи, но не убедливо.
По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.
Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.
На фудбалерите на Милан им се случи најнепосакуваното сценарио на гости против Олимпијакос. Пораз со два гола разлика и срамна елиминација. Од македонските претставници, Тричковски со АЕК ги завршува, а Адеми, Елмас и Ристовски ги продолжуваат настапите во ЛЕ.
По петте победи во низа, Челси ремизираше на гости против Види, каде главен судија беше Александар Ставрев. БАТЕ Борисов во таа група го победи ПАОК и со тоа ја зграпчи втората позиција. Во директен дуел пласман во нокаут фазата од ЛЕ обезбедија Рапид, Виљареал, Малме и Рен.
Ако за Лига на шампиони може да се каже дека конкуренцијата за најдобри навивачи е голема, истото важи и за Лига Европа каде за сега со сите изданија водат оние од Франкфурт.
Групата Ј во Лига Европа е најзаплеткана. Севиља и Стандард Лиеж имаат по 9 бода на второто и третото место и во последното коло ќе се борат за пласман понатаму. Синоќа во Белгија Стандард славеше со 1-0 а на крајот можеше и поубедливо. 93’ минута во судиското продолжение - легендарна акција:
Таман кога помисливме дека нешто слабо патувате и ни праќање материјал од некое навивачко патешествие низ стадионите во Европа, ете ти мејл од две верни лацијалски души кои ако треба нема да спијат, само за да го гледаат Лацио, ама буквално.
Откако Бетис победи на Сан Сиро 1:2, подоцна вечерва шпанските клубови ја докажаа доминацијата во Европа. Севиља му даде шест парчиња на Акхисар, а Виљареал „петарда“ на Рапид Виена.