Денес како гром од ведро небо се појави информацијата за преминот на најдобриот играч на Саутемптон во Ливерпул. Вирџил Ван Дејк е шести фудбалер кој оди во таа насока.
Просто неверојатно идентични судбини на најдобрите фудбалери на светот со нивните браќа. И двајцата имаат страшно незгодни браќа кои прават проблеми каде стигнат а кои да докажат дека се послушни во „слободно време“ работат во музеите на ѕвездите.
Во најдобрите денови од кариерата во Валенсија, легендарниот Шпанец често одел на журки каде што другар му пуштал музика но за да не го познаат во клубовите, ставал капа, наочари и застанувал зад пултот. Никој не можел да го препознае.
Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.
Бил мал, низок и слабичок па не му предвидувале сјајна кариера. Но тој, упорен каков што бил од дете, запнал да им покаже што знае со топка. Стигнува до првиот тим, освојува Светско и Европско, слави Лига на шампиони и му се заблагодарува на покојниот дедо.
Колку и да барате, сигурно нема да најдете помалерозни навивачи на Барселона од овие тројца. Се остреле да одат на Камп Ноу пред три месеци дури од Австралија и на крај останаа да дремат пред стадион.
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
„Во еден момент сфатив дека детево како да е од некоја друга планета од која доаѓаат исклучителни луѓе: доктори, професори, врвни музичари, сликари...“, вели човекот кој е најзаслужен што Барса прифатила да го прими на проба.
Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.
Баскиецот е еден од ретките играчи кои соработувал со Мурињо, Гвардиола, Анчелоти и Рафа Бенитез. Уште од мал бил повлечен и скромен, неприметлив, но најкорисен на теренот. „Има GPS во главата“, вели неговиот прв тренер во Сан Себастијан.
Како мал никако не сакал да оди во школо поради што долго време не знаел да пишува со пенкало, но знаел да се потпишува со фудбалската топка. Неговиот талент не го забележувал никој, освен еден скромен забар којшто го однел на проба во голем клуб и му ја спасил кариерата.