Исто како што буржујките од 19 век сметале дека е морална доблест да ги спасат „сиротите“ проститутки, кои „фатиле погрешен пат“, крстоносците против трговијата со луѓе гледаат на жените како на слаби и ранливи суштества. Ова е само дел од контроверзните ставови на Лора Агустин, која наскоро гостува во Скопје.
Гласниот заговорник на независна Каталонија важи за најдобар тренер на денешницата. Неговиот Манчестер Сити игра нереална сезона и дава по 6-7 голови по натпревар. За тоа е најзаслужен токму Пеп кој има свои принципи на работа од кои не отстапува.
Иако масовната култура, а особено порното, наметнуваат таков наратив, стварно не мора да бидете камшикувани, врзувани или атлетски ракувани за да кажете дека сте имале добар секс. Наспроти бркањето оргазми, може и малку гушкање.
Нова книга на социологот Марк Регнерус од Универзитетот Тексас во Остин, под наслов „Евтин секс“, истражува како модерната дејтинг сцена е моделирана од тн. „сексуална економија“, теорија која на телесните општења на луѓето гледа како на пазар.
Минатата година посетителите на Порнхаб, најголемиот порно сајт на интернет, изгледале околу 92 милијарди секси видеа. Не дека во тоа има нешто лошо. Ама со такви бројки и со генералната достапност на ваквите содржини човек со мало дете се прашува - што кога тоа ќе ги открие ваквите сајтови? Ако тоа веќе не се случило...
Утехата за сите е дека сите сакаат да зборуваат за тој еден или два или пет пати кога направиле некаков подвиг во кревет, а сосема лагодно ги прескокнуваат месеците суша или потпросечните партии што ги имале.
Стереотипно, се смета дека женските политики се секогаш понежни и помалку расистични од машките. Историски податоци за жени на раководни позиции на американскиот ККК кој заговара(л) супериорност на белата раса, антисемитизам, хомофобија и антикомунизам, прикажува една поинаква слика.
Освен сериозни државни инвестиции во образование и обука на жените, великодушно породилно боледување и гарантирана здравствена заштита за мајката и децата, уште еден факт кој се изостава во стереотипите за поранешниот комунистички блок е и тоа дека: жените под комунизмот уживаа во повеќе сексуални задоволства.
Во нова книга под наслов „С-точка: феминистичката потрага по среќа“ (во оригинал The H-Spot: The Feminist Pursuit of Happiness) авторката Џил Филиповиќ, адвокатка и активистка, оди чекор понатаму во дискусијата за тоа дека жените законски и општествено треба да се еднакви со мажите, и поставува едно посуштинско прашање: што ако целта е жените да бидат едноставно посреќни?
Дали жената може и треба да биде задоволна во брачниот кревет, а сепак да остане доследна на верските поуки? Прв ваков водич напишан од муслиманка се обидува да одговори на ова прашање.
Во оригинал текстов ги има следниве тагови: секс со пчели, фетиши, мелисофилија, сексуална девијација, живот, забава. Сè ни е јасно, освен тоа „забава“.
Нова биографија на Клара Петачи, ќерка на личниот доктор на Папата, која на 20-годишна возраст ја остварила својата опсесија, да му биде љубовница на 49-годишниот Дуче.
Има повеќе причини зошто висок политичар би бил приморан да се откаже од привилегиите на својата функција, и тие најчесто имаат врска со пари или со секс скандали. Но има и ретки примери со кои не можеш а да не сочувствуваш, затоа што се за греота. Ова е еден од нив.
Шведски политичар цени дека секој вработен во текот на работниот ден треба да има саат време да тркне до дома (или кај и да е) и да се плесне со партнерот. Пред да гласате ЗА, проценете добро; ваквата пауза дополнително би ги фрустрирала оние што страдаат од нејебитис; дури тогаш Фејсбук ќе вришти од нивни коментари за секоја (ебена) тема.
Тазе студија фрла нова светлина на ова вековно прашање со кое се мачеше и Хари кога ја сретна Сали. Да, не можат да бидат пријатели, ама, Хари мозгаше за погрешна работа.
Мада, што ќе зборувате со нас, зборувајте со некој што се разбира во темата, на пример со Порнхаб. Од порносервисот отворија сајт за сексуално образование и здравје, и планот им е да им се најдат на сите свои корисници што имаат нејаснотии околу сексот.
Иако видоа дека Македонија веќе смисли субвенции за све живо и диво, германската партија на зелените сепак најде тема која ние сè уште ја немаме покриено - државата да плаќа за секс со проститутки. Е, тоа е клиентелизам.