„Permanent Record“ е насловот на автобиографијата на најпознатиот свиркач на светот, Едвард Сноуден чие излегување е најавено за 17-ти септември. За својата земја тој е државен непријател кој живее во егзил во Москва. Сноуден нема намера да ги брани Русите ама многу знае за тоа што прават Американците.
Интегрално ќе пренесеме текст на специјален известувач на Обединетите нации за тортура. Текст понуден на дузина светски медиуми, меѓу кои Гардијан, Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Ројтерс, Њусвик.... Никој од нив не сакал да го објави.
Влогот е судбината на новинарството како што го познаваме, вели најпознатиот свиркач на светот, Едвард Сноуден, за одлуката на Вашингтон во 17 чекори да го гони Џулијан Асанаж за шпионажа.
Тројца тинејџери кандисале 88 годишен екс-сенатор да се пријави во претседателската трка а тие да му ја водат кампањата. Прашан дали има шанси навистина да стане претседател на САД, стариот разумно рекол: Сачувај Боже.
Пред Џулијан Асанж, да добие азил во еквадорската амбасада во 2012, тој и неговиот правен тим ме викнаа во Лондон за да им дадам правен совет околу американскиот закон во врска со шпионажа и слобода на печатот. Не можам да ви откријам што совет им дадов, но можам да ви кажам дека тогаш верував, а и се уште верувам, дека нема уставна разлика меѓу Викиликс и Њујорк тајмс.
Британската, австралиската, еквадорската и американската влада сакаат да ја пренесат својата благодарност за апсењето на Џулијан Асанж, и како тоа не помага никому освен лично ним.
Сè што Џулијан Асанж и Викиликс објавија е вистина и ништо друго освен вистина. Тоа е вистина за она што САД го прават ширум светот во име на американскиот народ, притоа истото го кријат од американскиот народ, но и од целиот свет.
Асанж со месеци не беше виден во јавност, од недела на недела односите меѓу него и домаќините се влошуваа, минатата недела Викиликс дури и алармираше дека за „часови или денови“ Асанж ќе биде избркан на улица, и сепак ниту еден британски или светски медиум не успеа да направи снимка од апсењето на Асанж сред Лондон. Освен Руптли на РТ.
За благо збунувачките стихови на некогашната чуварка на плажата во епската поема која истовремено зборува за зеленчук, мобилни и загубената уметност на сексот пишувавме претходно тука. Сега таа повторно стана актуелна, со песна посветена на - Асанж.
Викликс објави масивна доверлива документација која претставува досега најголемото истекување информации поврзано со Американската Централна Агенција ЦИА. Што да ви кажеме, растурачина.
Списокот обвиненија против Путин почнуваат од задушување на секаква здрава опозиција на домашен терен и напори за растурање на ЕУ, до монтирање и помагање на конзервативно десната те влада те опозиција низ Европа и вселување на Доналд Трамп во Белата куќа.