Според квалитетот и класата на играчи, за оваа селекција на Хрватска е нелогично да се каже дека направила изненадување со среброто во Русија. Но нивниот пат до Мундијалот воопшто не беше едноставен. Кога во финишот од квалификациите загубија од Турција, па во претпоследно коло киксираа 1:1 со Финска на домашен терен примајќи гол во 90-та минута, од хрватскиот сојуз го набркаа Анте Чачиќ и за негов заменик го назначија анонимниот Златко Далиќ.
И така, додека светот ги слави хрватските момци кои вложија надчовечки напори да влезат во финале, еден фудбалер што допатува со нив во Русија (ќе простите на речникот), ама сега си гризе од газот.
Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) соопшти дека помошникот тренер - скаут во репрезентацијата, Огњен Вукојевиќ е сменет по објавеното видео на кое тој и репрезентативецот Домагој Вида ја величаат Украина по триумфот над Русија.
После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат
Бил тренер на хрватскиот скромен клуб Вартекс и додека чекал повик од Хајдук или Динамо на телефонот му се појавил арапски број. Набрзо сфатил дека во животот најголемите победи се остваруваат со макотрпна работа и поднесување жртва.
Кога нема да го отвориш сајтот на ФИФА или Википедија и нема да издвоиш барем пет минути за основни информации околу Мундијалот, може да ти се случи и Велес да го бараш во Шведска.
Нема веќе чуда, судбината му сврте грб на Хамбург - дојде крајот на една ера обележана со часовникот на „Фолкспарштадион“ - дигитален тајмер инсталиран во 2001 којшто до денес означуваше 55 години непрестано учество во Бундеслигата.
За разлика од претходните Светски првенства 2010 и 2014 во Јужна Африка и Бразил каде илјадници Англичани патуваа да ја бодрат својата репрезентација, овојпат за Русија нема претерано голем интерес за карти. Зошто така?
Во 4 од 5 Топ лиги во Европа сè е решено, само во Италија има интрига. Во останатиот дел од Европа, интересна пролет ќе има во Полска, Русија, Турција, Грција. Македонец има шанса да стане дел од историјата на Спортинг.
Уште две кола нè делат до крајот на квалификациите за Мундијалот во Русија а после нив ќе се игра и ужасно тешкиот бараж во ноември, последно скалило на патот кон Светското. Скенираме на кој што му треба до крајот.
Фудбалската сезона во најдобрите европски лиги заврши, па време е за мала рекапитулација на состојбата во Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Русија, Белгија, Турција, Португалија и Украина.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Јулиан Нагелсман сезонава е најјаката фаца меѓу тренерите во Европа. Врсник е со Лионел Меси, но веќе покажа капацитет за тренирање како да е 20 години во кариера. Германците ја препознаа неговата одлично извршена работа.