Вотфорд почнува да сфаќа колку голема работа им завршил нигерискиот напаѓач Одион Игало кој летово одби астрономска понуда од Кина за да остане во клубот и да стане најдобар стрелец во премиерлигашката историја на жолто-црните.
Еден од потрофејните тренери и играчи во историјата на Барселона е воедно и еден од ретките што го носел дресот и на Реал Мадрид и на Каталонците. Ова е приказната за тоа како Луис Енрике стигнал до Кралскиот клуб, па назад во Барса.
На денешен ден во 1994. година, стадионот Ла Ромареда во Сарагоса беше местото каде Раул Гонзалес Бланко за прват заигра во дресот на Реал Мадрид и му намести гол на Иван Заморано. Сè друго е историја.
„Еден ден ќе му ја додаваш на Тоти со нога, а не со рака", му рекол Луиџи Флоренци, таткото на Алесандро кој од Јужната трибина на Олимпико се симна на теренот и заигра покрај својот идол, капитенот Франческо Тоти.
За прв пат во 106 годишната историја, клубот чии играчи вредат едвај 100 илјади евра ќе биде член во најдоброто италијанско друштво. Пласманот обезбеден на 4. кола пред крајот и прославен на стадиончето што собира 4.000 гледачи.
Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.
Со многу отсутни првотимци поради обврски со репрезентациите, шпанскиот тренер во првиот тим го пресели младиот Тони Трогранчиќ кој го воодушевил Гвардиола. Реал го има Одегард, но и Баварците сега може да се пофалат со новиот вундеркинд.
22 годишниот Иско беше прогласен за играч на мечот минатиот викенд против Елче, а пофални зборови за играта доби и од Икер Касиљас. Шпанскиот весник АС објави видеo каде фудбалерот на Реал Мадрид својот талент го покажува на 10 години. До сега во кариерата нема загубено меч кога ќе постигне гол.
Сите 16 клубови пред осмина-финалето пратија до УЕФА нови листи на регистрирани фудбалери, а тоа ќе им овозможи на јануарските засилувања да ја осетат магијата на најелитниот клупски фудбал.