Во нашата околината нема држава што поскапо плаќа од Македонија за рускиот гас. Во околината на Балканот нема држава која поскапо плаќа од Македонија за рускиот гас. Нема ниту во Источна Европа, ниту во Западна.
На осум натпревари во НБА лигата синоќа, најинтересно беше во Њу Орлеанс, каде домашните кошаркари ја прекинаа низата од 19 победи на Атланта, откако ја совладаа 115:100. Кливленд стигна до 11. победа по ред.
Телекомуникацискиот оператор „Близу" во својата голема пролетна промоција воведува неколку новости во своето портфолио. Отсега, интернет пакетите и пакетите со три услуги вклучуваат download брзини почнувајќи од 15 Mbps па се до 150 Mbps и upload до 5 Mbps.
Македонската ракометна репрезентација ја оствари најдобрата позиција на досегашните четири учества на Мундијалите. Деветтото место делуваше разочарувачки за нашите ракометари во Катар, но тоа има реални шанси да им ги исполни соништата.
Финалето во американски фудбал е најпопуларниот спортски настан во САД. Од 2005-та до денес тв публиката расте секоја година. 2014-та над 112 милиони луѓе го изгледаа Супер Боулот, што е повеќе од финалето во бејзбол, НБА финалето, Стенли Куп финалето и Оскарите - заедно. За годинава се очекува гледаноста да надмине 115 милиони.
Во европскиот фудбал неколку пати имало моменти кога на трансфер пазарот во 5 до 12 се растураа зделки, договарани месеци наназад и тоа од бизарни причини. Понудите најчесто се договараат и прифаќаат преку мејл, мобилен или преку факс.
Аеродромскиот клуб го претрпе и петтиот пораз на последните шест натпревари. Пред 5.000 гледачи во СЦ. Јане Сандански, Партизан славеше 55:63 и ја продолжи триумфалната низа на седум победи по ред.
Спортскиот викенд на ТВ нуди меч на МЗТ Скопје во јадранската лига, дерби во Премиер лигата, ски скокови и разновиден фудбал каде на сцена се враќаат Бундеслигашите.
Со 39 победи и 8 порази, составот на Мајк Буденхолзер во моментов е најдобриот тим во НБА лигата откако со пресврт го збриша и Портланд. Втор пораз во низа за Голден Стејт кој загуби од Јута, осма победа по ред за Кливленд предводен од повратникот Леброн Џејмс.
Втората полуфиналната мега пресметка на Светското ракометно првенство му припадна на четирикратниот освојувач на златото. Таму го очекува дуел против домаќинот кој направи сензација откако претходно ја совлада Полска.
Новиот миленик од Samsung, Galaxy Note Edge, ексклузивно достапен во салоните на Vip. Запознајте го светскиот предводник во врвниот изглед и супериорните карактеристики, кој ги предизвика досегашните правила во дизајнот на смарт-телефони и ги промени правилата на нивната употреба.
Манчестер Јунајтед и Арсенал се рекорди со по 11 освоени титули во ФА купот, престижното англиско натпреварување кое важи за најстаро на планетата и се игра од 1871 година. Од 1960 Англичаните почнаа да играат уште еден куп за малку пари, но во последните 10 години го освојуваат претежно големи екипи.
Напаѓачот на Челси доби суспензија од три натпревари поради намерното газење на Емре Чан против Ливерпул, по што утрешното дерби против Манчестер Сити ќе го гледа од трибина.
Зимскиот преоден рок во најголем дел од Европа завршува во сабота на полноќ, кога се очекуваат последните трансфери. Арсенал, Тотенхем, Рома, Волсфсбург и Реал Мадрид чекаат прилика од сенка.
Најдобриот светски тенисер се препоти за да го добие полуфиналето против Швајцарецот кој ја бранеше титулата во Мелбурн. Победата ја оствари по 5 одиграни сетови, а најмала неизвесност имаше во последниот сет кој го доби со 6:0 и победи со 3:2. Ѓоковиќ ке игра во финале против Енди Мареј и ќе брка 5-та титула на Австралија опен.
Новиот напаѓач на Милан има искуство во зимскиот преоден рок, затоа што во јануари 2011. година беше половина играч на Интер, а половина на Џенова. Нероаѕурите се откажаа од нивниот дел за Ранокија, а Дестро потоа замина за Тоскана.
Две недели пред да мораа да го земат за озбилно, новиот грчки премиер пиша отворено писмо до германската јавност. "Има работи што никогаш не ви ги кажале за Грција", им порачува Ципрас на читателите на Ханделсблат.
Тројца клупски колеги на Перо Антиќ ќе учесвуваат на претстојниот Ол стар викенд, кој ќе се одржи на 15. февруари во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Зачудува одлуката што како резерви не се повикани Демаркус Казинс од Сакраменто Кингс и Демијан Лилард од Портланд.