Македонија, братска Русија, и не така братскиот руски гас

Во нашата околината нема држава што поскапо плаќа од Македонија за рускиот гас. Во околината на Балканот нема држава која поскапо плаќа од Македонија за рускиот гас. Нема ниту во Источна Европа, ниту во Западна.

За 1.000 кубни метри руски гас Македонија на Газпром му плаќа 564 долари. Најблиску до нас, на разлика од речиси 40 долари е Полска со цена од 526 долари за 1.000 кубни метри гас од Русија. Ако ни е некаква утеха, Полјаците трошат неспоредливо многу повеќе гас, и се на 7-ма позиција како најголем купувач на руски гас.

По пресметките на Радио Слободна Европа, само 30% од гасот кој се користи во Македонија е од Русија. Најмногу навлечени на руски гас се Ерменија, Белорусија, Бугарија, Естонија, Финска, Латвија и Литванија, каде 100% од пазарот на природен гас го контролира Газпром.

За истата количина за која ние плаќаме 564 долари, Белорусите плаќаат 166, а Ерменците 189 долари. Трета најниска сума за гас плаќаат Британците - 313 долари.

3 февруари 2015 - 12:48