Можни трансфери во 5 за 12

Зимскиот преоден рок во најголем дел од Европа завршува во сабота на полноќ, кога се очекуваат последните трансфери. Арсенал, Тотенхем, Рома, Волсфсбург и Реал Мадрид чекаат прилика од сенка.

Андре Ширле во Волфсбург 

Според последните информации од Стемфорд Бриџ, германскиот репрезентативец изразил желба да го напушти Челси, затоа што ќе има помалку место со доаѓањето на Колумбиецот Куардадо од Фиорентина. Сините за него фиксираа цена од 22,5 милиони фунти, а вториот тим во Бундеслигата, Волфсбург за Ширле е заинтересиран веќе два месеци. За разлика од Челси, во Волсфбург, Ширле би имал сигурен првотимски статус.
 
Марко Ројс во Реал Мадрид

Додека Марио Геце и Роберт Левандовски ја напуштија Борусија Дортмунд кога во клубот цветаше, Марко Ројс би можел да замине во моментот кога жолто-црните објавија дека борбата за опстанок во Бундеслигата ќе им биде приориет предстојнава пролет. Германските медиуми пренесуваат дека Марко Ројс (25) прифатил да замине во Реал Мадрид за 20 милиони евра, затоа што играч од таков калибар не може веќе да игра во инфериорна, послаба лига.
 
Матс Хумелс во Манчестер Јунајтед

Црвените ѓаволи не успеаа да го потпишат Диего Годин од Атлетико Мадрид, а поради тоа што позицијата стопер им е слаба страна сезонава, се решија да тргнат кон Матс Хумелс, германскиот репрезентативец од Борусија Дортмунд. 26-годишниот Хумелс веќе 12 месеци е поврзуван со клубот од Олд Трафорд и изгледа дека најблизу до трансферот е сега кога Дортмунд е во опасната зона за испаѓање. Јунајтед е спремен за него да потроши 35 милиони евра.
 
Петр Чех во Арсенал

Топџиите многу пропатија со одбраната сезонава, а тоа не го спречи ниту полскиот голман Војчех Шчешни, Во последните неколку недели Колумбиецот Давид Оспина ја чека својата шанса, а од друга страна Арсенал се сврте кон Петр Чех (32) кој го загуби местото од Тибо Куртоа. За услугите на чешкиот голман, Челси бара 10 милиони евра.
 
Езекиел Лавеци во Ливерпул

Црвените се главни конкуренти во трката за потписот на Аргентинецот од ПСЖ. Ливерпул минатото лето беше близу до 29-годишниот Лавези, но ја одложија целата работа за овој јануари. Лавеци неколку пати изјави дека не е сигурен дали ќе остане во Париз, по што Ливерпул е спремен да одвои 8 милиони евра за брз крилен напаѓач како Лавеци.
 
Морган Шиндерлин во Тотенхем

25-годишниот Французин се наоаѓа на радарот на Арсенал и Тотенхем, но изгледа дека мамузите имаат предност во однос на лутиот ривал. Саутемптон за одличниот играч за врска и француски репрезентативец бара 20 милиони евра. Тотенхем најпрво сака да се ослободи од Солдадо и Адебајор и со парите од нивните трансфери да го купи Шиндерлин.
 
Семи Кедира во Арсенал

Германскиот репрезентативец падна во втор план кај Анчелоти и го загуби местото во првиот тим откако Реал го купи неговиот сонародник Тони Крос. Ова е веќе трет преоден рок во кој Арсенал се поврзува со Кедира и малку е извесно дека кралевите би го пуштиле додека е повреден Лука Модриќ.
 
Весли Снајдер во Јувентус

Тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри потврди дека е Јувентус е заинтересиран за за 30-годишниот Холанѓанец. Сепак, Галатасарај неколку пати ги одби сите понуди за одличниот фудбалер, па се чини дека на Јувентус му останува да проба уште еднаш со 18 милиони евра.
 
Џексон Мартинез во Тотенхем

Колумбискиот напаѓач е тесно поврзуван со клубот од северен Лондон, кој е спремен да даде дури 27,5 милиони фунти за да ја откупи клаузулата на Џексон Мартинез од Порто. Тренерот Маурицио Покетино изјави дека Мартинез му е најголема желба и дека другите двајца напаѓачи, Солдадо и Адебајор имаат одврзани раце да си бараат нов клуб.
 
Сејду Думбија во Рома

Римскиот клуб игра на три фронта, во ЛШ, во Серија А и во Лигата на Европа, поради што на екипата ѝ е потребно освежување. Рома вчера го позајми напаѓачот Матиа Дестро во Милан до крајот на сезоната, со тоа што росонерите имаат опција и да го откупат договорот на лето. Со играч помалку во нападот сега на Рома ѝ е потребно засилување на таа позиција, а како идеални решенија се споменуваат Јевхен Конопљанка од Днипро, Сејду Думбија од ЦСКА Москва и Луис Адриано од Шахтјор.