Фудбалот и спортот воопшто се режисери на многу фини приказни. Викендов видовме две бајки, едната во Лондон, другата во Торино. Заедничко и за двете е што во главни улоги се голмани.
Кога пред две години Мауро Икарди две илјади пати го прашаа за Реал Мадрид, тој одговори дека ќе остане во Интер додека не го избркаат на сила. Тогаш делуваше смешно, но денес е јасно дека попрво Занети ќе отиде во Јувентус отколку Икарди да добие нов договор.
Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.
Армандо Ицо, лидерот на Торино имал тешко детство во озлогласената населба Скампиа во Неапол каде царува(ла) Камора преку криминал, проституција, дилери и убиства. На крајот од калта го извадил менаџерот кој е најзаслужен што Ицо заигра и за Италија.
Во напнатиот и тензичен меч меѓу Рома и Јувентус (2:0), најголемиот конфилкт го имаа Алесандро Флоренци, капитенот на Рома и Кристијано Роналдо кој направи многу нечовечки потег.
Строго католичко воспитание, голема посветеност кон религијата, тренинзи во предградието и радост кога му направиле екскурзија во базата на клубот во кој се вљубил на прв поглед. Ова е сторијата за Мојзе Кен.
Некогашниот италијански репрезентативен бек Доменико Мимо Кришито ја привршува својата фудбалска кариера во Џенова каде уште игра на ниво како пред 10 години.
Вотфорд почнува да сфаќа колку голема работа им завршил нигерискиот напаѓач Одион Игало кој летово одби астрономска понуда од Кина за да остане во клубот и да стане најдобар стрелец во премиерлигашката историја на жолто-црните.
„Еден ден ќе му ја додаваш на Тоти со нога, а не со рака", му рекол Луиџи Флоренци, таткото на Алесандро кој од Јужната трибина на Олимпико се симна на теренот и заигра покрај својот идол, капитенот Франческо Тоти.
За прв пат во 106 годишната историја, клубот чии играчи вредат едвај 100 илјади евра ќе биде член во најдоброто италијанско друштво. Пласманот обезбеден на 4. кола пред крајот и прославен на стадиончето што собира 4.000 гледачи.