Стандардното резиме на серијава како „инсајдерски поглед во револуцијата на персоналните компјутери“ може многумина да наведе на погрешен пат, дека за да ја гледаш треба да знаеш нешто за кодирање и програмирање. И не дека тоа не е плус, но главни во неа се сепак крајно привлечните ликови и нивните заебани меѓусебни односи.
Од невини престапи како да каснеш падобранец сред диета, до поголеми кои вклучуваат измами, секс или пари. Најчесто им одолеваме, особено на поголемите. Но кој е подобра личност: оној кој постапува морално додека е искушуван, или оној кој никогаш не доаѓа во таква ситуација?
30 години спиење, 2 месеци возење по вашата улица, 7 месеци непрекинат секс (ехее!), 27 часа постојана болка. Која е сумата на нашите животи, која станува очигледна кога статистиката ќе ги зипува сите наши активности, кои значат дека сме (уште) живи?
Изминатиот викенд на 69 години почина Холи Вудлон, еден од ликовите во култната песна на Лу Рид од 1973, и една од последните ѕвезди на Енди Ворхол. Што се случи со останатите?
Обидувајќи се да се претставиме како совршени (и онлајн и во реалниот живот) ние всушност работиме против себе, против слатките мали недостатоци кои прават некој да ви стане неподносливо драг. Парадоксално, но истата лоша услуга си ја правиме и кога ги негираме нашите базични нагони - вели Жижек, чија идеја за совршена романтична вечер ќе ве изненади.
Знаете она кога некоја музика ве погодува физички, како трпки или морници, или како некој да ви удрил тупаница во стомак, ама на убав начин? Сетилните реакции кои ги предизвикува музиката можат да бидат и поекстремни, особено ако таа се слуша во друштво.
„Една од најнесоодветните споредби кои некои се обидел да ѝ ја закачи на Рики Ли Џонс е дека таа е женски Том Вејтс", вели текст во New Musical Express од 1979 за тогаш младата музичарка.
На вчерашниот, 9-ти ден од 68тиот фестивал во Кан се случила вистинска тепачка за карти - 2,300 пицнати луѓе се појавиле на полноќната проекција на новиот филм на Гаспар Ное, а некои од нив не успеале ни да влезат во салата. По проекцијата имало долга, стоечка овација.
Правен според познатиот роман на Лоис Лоури (Lois Lowry), ова е хумана, но млака дистопија, која вреди да се погледне за атер на Бриџис, ако сте фан на Тејлор Свифт или за да го споредите со книгата.