Видено низ партиски наочари, сè е сомнително. Ние денес најавивме најјак прес на светот, а Трендо објавува интервју со Ентони Бордејн? Каков предавник! Али ок, и да го водев сајтот на “Храна и вино”, таа параноја пак ќе беше иста. Од чија ли е сега тој, зошто баш сега таков сајт? И идиоти ќе мислеа дека секој ден прво треба да им се изјаснам за дневните теми на кои се напалиле на Фејсбук, па дури потоа да пристапам кон рецептот.
Петре - шајка немам заковано - Шилегов, градскиот татко познат по чаталења („пички, шта има“ и сл.) изрази желба за отстранување на споменикот на Александар Македонски од плоштад, што е дамнешен влажен сон на професорот Љубомир - за малку - Вашингтонски. Ама, ако тие т'пи, ние упорити: одлука за споменик на Александар имаат донесено советниците на СДСМ и ДУИ.
Сакам мои школски другари Албанци да дојдев поново на исту матурску масу дваесе године стару и непипнату. Сакам. Сакам да виду колко брчке имав на чело, сакам да слушну имав ли работу, паре, деца. Сакам око мое да види бела ли ги е коса, дали се и даље исто гледамо у фармерке и старке, или смо с'га после дваесе године - исти а различни.
Сериозно, како може некој уште да наседнува на една масонско-комунистичка, атео-феминистичка, шови-капиталистичка и анти-библисконародна безобразна лага ко таа дека Александар е снебитен? Лаѓетина! Па кој разумен патриот верува дека Александар Велики III Maкедонски е мртов, завршен, капут? Дека филмот му завршил и дека на неговата одјавна шпица 2300 години до ден денес се листаат нашите имиња?
По нас, оние на Минчо имаа најдобар музички избор во цела кампања, што е права штета бидејќи бадијала изгоре одлична песна. Пендаровски исто имаше супер песна со која се таргетираше гласачкото тело кое ќе се здобие со право на глас за едно 10-12 години. ВМРО не остави некој посебен аудио печат а за да не испаднат тие најнекреативни од сите, се погрижија двајца нивни фанови.
По повод роденденот Твитер пушта алатка која го наоаѓа првиот твит на кој било твитерџија. Еве кои беа првите зборови на Сеад, Сулиманович, Џиги, Братот, Васиљ, Бетмен, неколку политичари и медиуми.