- ЕГОрцист. Филм за борбата против демонското зло што сака да ја украде власта од оние што се црпнати од Бога.
- Бени и Торте среде студио на телевизија што доби датум за преговори со апсурдот, распнаа меѓу себе зиплајн и на него го возеа Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ се однесува како да се парламентарни избори, а Левица како да е Октомвриска револуција. СДСМ ги прогласи 300.000 луѓе за националисти, а јас би бил среќен да има барем 100.000 националисти меѓу нив. Кај Албанците вообичаено, само што не пукнало.
- Малески, Ризаов, Тричко, Фрчко, Иванов, Исмаил и преостанатата прогресивна младина веќе се обединуваат. Мириса на шарена револуција.
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.