Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Народен глас.
Пред 3 дена вработениот Г.П. си го одземал сопствениот животот во својот дом со бесење.
Според информациите кои кружат во јавноста, вработениот бил претседател на комисијата за продажба на општинско земјиште во Општина Карпош.
Претседателот на комисијата, во последниот период посебно откога Градоначалникот Стевче Јакимовски јавно влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ после локалните избори, бил под постојан притисок околу лицитацијата и продажбата на општинско земјиште.
Вработениот секојдневно заглавувал до 20 часот за да може да ги исполни барањата на локалните моќници кои заради нечии интереси требале што побрзо и за што пониска цена да го отуѓат земјиштето. Во самата комисија останатите членови истотака заради непотпишување на криминални лицитации често биле санкционирани со дисциплински постапки од Градоначалникот Стевче Јакимовски но, најголемиот притисок бил врз претседателот на комисијата кој за се требал лично да се потпише без разлика дали било или не во склад со законот.
Според неофицијалните сознанија Г.П. секојдневно добивал критики и закани заради забрзување на одредена продажба и лицитација направена по теркот на тој што требал даго купи земјиштето. Најчесто на лицитацијата се јавува еден купувач кој се надава со сам себе.
Цената по м2 е однапред договорена и бидејќи се јавува само еден купувач истата се постигнува. Последната лицитација била за околу 500м2 градежно земјиште во местото Крив дол на кое место претходно била направена измена во ДУП со што е добиена маркица за висококатница.
Најтрагчино во целиот случај е што никој јавно не коментира и никој од медиумите не ја објавува оваа информација се со цел да се покрие настанот.