Тимур Дибиров го имаше последниот збор на големото ракометно дерби кое заврши 27:27. Со пенал во финишот му донесе голем бод на Вардар кој може да се покаже клучен во битката за титулата. Сега и двете екипи имаат по 40 бода, но Вардарци имаат подобар меѓусебен дуел, бидејќи славеа во Скопје. Искусниот Русин ладнокрвно го матираше Секељ и ги замолкна Чкембарите, за голема гостинска радост.
Легендарниот Русин кој и на 38 години упорно гине за дресот на Вардар, стана четвртиот играч во историјата кој успеа да стигне до големиот јубилеј. Другите тројца кои го имаат остварено овој подвиг се Кире Лазаров, Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.
Вардар vs Динамо Букурешт, 1985-та, 1 коло во Куп на УЕФА. Поминаа нашите со вкупни 2:2 поради гол на гости кој го постигна легендарниот Васил Рингов, кој се проби како шило во среден ред. На тој меч настапија и Панчев, Савевски, Канатларовски, Јаневски, Сетинов...
Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.
Откако најверните навивачи на Вардар успеаа да соберат околу 50.000 евра за спас на клубот преку акцијата со продажба на влезници, вечерва симболично со почеток во 19:47 часот направија фантастична бакљада, со цел да ги охрабрат младите фудбалери во продолжение од сезоната.
Комити на својата Фејсбук страна објавија многу јака случка за нивните браќа од Германија за која велат дека заслужува да биде во учебниците. И стварно е така.
„Чувството на таа титула во Келн не може да се плати со ниту едни пари. Тој адреналин, таа група на луѓе родени победници за кои топката е живот. Многу ни беше тешко, имаше моменти кога некој од нас ќе полудеше, но се исклучуваме од сè друго и останавме тука еден за друг“.
Ракометарките на Вардар во недела го играат регионалното дерби од ЛШ против Будуќност, екипа која убедливо ги победи во Подгорица. Кастратовиќ не се плаши од гостинските навивачи кои ќе ги бодрат Црногорките во „Јане Сандански“.
Во второто гостување сезонава, „црвено-црните" извлекоа реми (34:34) против Монпеље и сега имаат 3 победи и 1 реми во групата Ц. Вардарци стигнаа до бодот во последниот напад кој го реализираше Игор Карачиќ со што Скопјани се на чекор од пласман во следната фаза.
Од женски фудбал во Македонија познато е дека ја имаме одличната Наташа Андонова која пред 3 години направи трансфер во Германија и дека репрезентацијата губи и по 15:0. Сега откривме и еден клуб.
По вчерашното долго соопштение испратено до медиумите, навивачите на Вардар излегоа пред јавноста за да се произнесат за крвавиот инцидент на дербито помеѓу Пелистер и Вардар на кое сметаат дека полицијата целосно потфрлила во својата работа.
Стартот на 23-та сезона од македонскиот фудбалски шампионат е убедливо најлошиот од осамостојувањето на Македонија. Главна тема беше ужасот во Битола и змијата во Кратово, а за фудбал не се зборуваше.