Дибиров до 1000-ката стигна во 18 минута од мечот против ПИК Сегед со погодок од пенал и со вкупно 7 гола на овој меч, сега има 1.004 комада во Лигата на шампионите.
Деби голот во ЛШ го постигна на натпреварот против Горење како играч на Чеховски Медведи каде ја почна кариерата и каде настапуваше до 2013-та година.
Од тогаш е член на Вардар каде успеа да ги освои сите можни трофеи: 2 во ЛШ, 4 во СЕХА Лигата, 6 титули првак на Македонија, 6 пати освојувач на Купот и уште 3 пати освојувач и на Супер Купот на Македонија.
21 трофеј, 1004 голови во Лига на шампиони, па уште и два пати првак на Европа, сето тоа за еден клуб каде секогаш игра дрско и посветено го поти дресот на Вардар.
Ова е голот број 1.000 за Тимур кој се приклучи на тесното друштво, каде нашиот капитен и селектор е лидер со 1.462 погодоци.
⭐️Congrats to the amazing Timur Dibirov who has scored his 1⃣,0⃣0⃣0⃣ #ehfcl goal! ⭐️
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2021
He joins the legendary ranks of @LazarovKiril7 & @NKARABATIC who have also netted 1k+ #ehfcl goals.
👏👏👏 @HCVardar pic.twitter.com/SiT5ITkdYm
За овој човек не постои мртов агол. Покрај јубилејниот, го постигна и најатрактивниот гол на мечот.
Breaking records and breaking wrists, the man never stops! Take a bow Timur! @HCVardar #ehfcl pic.twitter.com/I9byHOazTv
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2021
За одбележување е и оваа штосна асистенција.
Инаку Вардарци загубија со 34:31, а вториот натпревар со ПИК Сегед го играат дома на 25 ноември.