Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда.
Ракометната сезона 2014/2015 во Лигата на шампионите е на прагот. Актуелниот македонски шампион Металруг на 28 септември во „Борис Трајковски“ го пречекува ПСЖ, а Вардарци на 12 октомври против Рајн Некар-Левен ќе ја сефтосаат новата сала „Јане Сандански“. ЕХФ со кратки видеа не потсеќа на ланските возбудувања.
На денешната ждрепка во Виена, македонските претставници ги добија противниците за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. И двете екипи добија по една екипа која изминатава сезона се пласираше во фајнлфор.
Македонскиот вицешампион уште еднаш ја почувствува моќта на Бундеслигашот кој и покрај огромната предност од 10 поени разлика од првиот дуел, повторно беше немилосрден на веќе обезбедениот пат до Келн.
„Ако падневме со Вардар, една македонска екипа ќе се пласираше во фајнлфор, а тоа ќе беше голема придобивка за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Кил после Барселона е главен фаворит за титулата, но ние мора да одиграме добро за да ги направиме шансите 50-50“, изјави за офф.нет средниот бек на Металург.
На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, нашите два претставника во ракометната Лига на шампиони ги добија противниците во четвртфиналната фаза.
Се надевам дека политичарите ќе сфатат дека спортот е не најдобриот, туку единствениот амбасадор на една земја и парите наместо во статуи од бронза и бродови во непловни реки, ќе ги инвестираме во спортски достигнувања на генерациите што доаѓаат.
Македонскиот вицешампион влегува во трета осминафиналната битка по ред во најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Ланскиот историски успех во топ 8 фазата, ќе почне да го брка пред своите навивачите в недела против Колдинг.
Во седиштето на ЕХФ во Виена, нашите два претставника во Лигата на шампионите ги добија противниците во осминафиналната фаза. Вардарци ја имаа најтешката ждрепка против Хамбург, додека на тимот од Автокоманда им се падна најпосакуваниот противник.
Во тешка рововска и тензична битка ракометарите од Автокоманда успеаа да направат сензација и да ја совладаат големата Барселона која го претрпе првиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Конечниот резултат беше 31:29.