Со големо задоволство испорачувавме текстови од светот на спортот, уверени дека со големо задоволство уживавте во нив. Така беше во текот на 2019-та, а еве кои статии беа најчитани, најкоментирани, најсподелувани и предизвикаа најголем интерес.
На крајот од оваа година место да издвоиме што ја одбележа 2019-та на спортски план, решивме да го провериме тоа преку вашиот вкус. Односно што мнозинството кликаше во нашата спортска рубрика. Тоа што го очекувавме излезе на виделина. Доминира европскиот шампион РК Вардар.
Од прославата со трите јубилеи во едно, 20 години Лолај Фанс, 10 години братство со Војдови и 5 години Комити Маџари, кои ги прославија на дербито против Шкендија, Комити извадија ново парче видео. Овој пат во главна улога е млада навивачка на Вардар по име Фросина Пепоска која растури под Запад.
Вардар и Шкендија викендов одиграа возбудлив натпревар кој заврши 2:2. Дербито мина во знакот на Комити кои прославија неколку јубилеи: 20 години Лолај Фанс, 10 години братство со Војдови, 5 години Комити Маџари, но и есенска титула за Црвено црните. Филип Гачевски беше во елемент.
Во недела од 13:00 часот се игра големото дерби во македонската прва лига меѓу Вардар и Шкендија. Скопскиот тим игра одлична полусезона и им бега на Тетовци 8 бода пред крајот на есенската полусезона. Комитите спремаат прослава на неколку јубилеи.
Денес меѓу навивачите секој си толкува како што му одговара, па така оние на чаирска Слога прославија јубилеј од 30 години од своето основање (веројатно кога првпат го виделе стадионот, затоа што јубилеј се слави кога првпат си започнал со организирано навивање а тоа подразбира сè што подразбира, не грицкање семки).
И покрај многуте проблеми со повредени играчи, Вардар го совлада укранскиот првак Мотор Запорожје со 44:37 и се искачи на првата позиција во групата. СЕХА лига за гол на колото се реши да го издвои овој на капитенот кој двајца не можеа да го сопрат, а третиот не се ни обиде откако сфати кој се пробива.
По 156 пат дербито Вардар - Шкендија во Тетово завршува со нецивилизарано однесување на домашните навивачи кои ги каменуваат гостите како да се наоѓаат во камено време. Плус им служат и како “одличен“ пример на децата што собираат топки, па сега и тие учат од нив.
Реваншот од 1/8 финале на Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар (првиот меч во Скопје заврши 2:2) беше тензичен. Во 88’ минута при една топка во гол-аут, детето задолжено за топки го провоцираше голманот на Скопјани Филип Гачевски кој не издржа и тргна кон него, по што настана хаос. На крајот Шкендија победи со 1:0 и се пласираше во 1/4 финале, а Вардар дури и по 12 години остана без можност да се бори за пехарот во Купот.
Откако го објавивме голчиштето на стоперот од полскиот второлигаш Јастржебје, првиот што ни остави коментар, ни пиша дека и во Вардар неодамна се случила иста таква лудорија. И стварно. Се вика Максим Милошевски, има 15 години и голманот го направи гледач во Синеплекс.
Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП. Капитенот на Вардар го величи нашиот фудбалски бисер.
Иако оди на тренинзи каде може да ги следи тактиките, но не и тренира поради повреда, сепак капитенот на Вардар е со мислите и со телефонот во Словенија, каде македонската одбојкарска репрезентација синоќа на европско направи голем подвиг против домаќинот. Човекот кој добива огромна поддршка, знае и да ја даде на оние што им е потребна.
Тие му пејат: Столе ти си наша икона, а тој во Европа ги претставува како најдобри навивачи меѓу кои вели дека е и самиот тој. Ете така се претставува своето во интервју, покрај се разбира на паркетот каде крвари за Вардар.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Вардар со златни букви го изгравира своето име во европската клупска историја. Момците кои со месеци играа без финансиска инјекција од клубот, ги нокаутираа гигантите. Браво јунаци, Македонија ве чека!
Капитенот и срцето на Вардар кој синоќа ладнокрво постигна незаборавен гол во финишот, ко дете се пробал во кошарка, ама среќа што не продолжил бидејќи не го бивало, инаку ликот на Вардар без него немаше да биде тој што е денес.
Да не постоеше ќе требаше да го измислиме. Ова е единственото скопско дете во Вардар кое му дава посебен шарм на клубот. Не е он дебел, колку што е заебан кога ќе прими топка на негова територија. Ние си го знаеме и си го сакаме, а другите најдобро знаат да го опишат.
Српскиот репрезентативен голман направи секој навивач на Вардар лесно да го преболи заминувањето на Штербик Велики. Дејан Милосављев синоќа во најважниот меч од сезоната бранеше одлично и беше еден од најзаслужните за новиот Фајнал Фор во Келн. На крајот доби порака од Столе.
По неочекуваното петочно попладневно соопштение на сајтот на РК Вардар во кое се обрати Сергеј Самсоненко дека по крајот на сезонава го напушта клубот, коментар за ситуацијата даде и капитенот.
Поттикнат од големиот португалски талент, читател ни испрати фантастично видео од син му, ама со поплаки за тоа како е третиран во клубот за кој гази. За жал поинаку и не очекувавме во оваа тажна Македонија. Ајакс таквите ги држи и ги негува, а ние ги бркаме.
Трета титула по ред за Вардар во СЕХА лигата и вкупно петта во историјата. Само Игор Карачиќ и Столе Стоилов ги имаат освоено сите пет. Капитенот го постигна најатрактавниот гол во финалето и на цел Фајнлфор. Мајсториште.
Европската фудбалска асоцијација денес ја објави ранг листата за клупските натпреварувања во нивни рамки, а македонскиот клупски фудбал повторно забележа пад и тоа за 4 места. Металург сезонава е најдобар од нашата земја и се наоѓа на 157 место во Европа.
Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.