Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.
Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.
И додека сите нормални луѓе се кладат на Болт, Фелпс и дрим-тимот, некои кладилничари сакаат своите пари да ги вложат на малку чудни опклади, а британските кладилници се тука да ви понудат се што би посакале.
Еден од најнадежните норвешки фудбалери, Маркус Педерсен од Валеренга, реши да го прослави голот со симулирање на орален секс и извикувајќи „педери" кон навивачите на Стабаек.
Второто мото на Олимписките игри е „Тоа што се случува во селото - останува во селото". Освен што рушат рекорди на спортските терени, натпреварувачите за време на игрите рушат и секс рекорди. Најновото издание на ESPN магазинот ги откри тајните на олимпиското село.