Прво беа најмалку илјада што од Нетфликс ќе протестираа против шоуто на Дејв Шапел, барајќи да биде симнато од видеотеката на платформата заради навреда на транс-сексуалците. Потоа таа илјадарка спадна на стотина, па на дузина, за на крај целиот настан да се сведе на „има нас Чворовиќа“ како што на својот брат Илија му викаше Ѓуро Чворовиќ во Балкански Шпион.
На почетокот од вакцинирањето имаше логика меѓу првата и втората доза од вакцината да минат само 3 до 4 недели за да може што повеќе луѓе што побрзо целосно да се заштитат. Меѓутоа процената е дека заради тоа сега има потреба од 3-та доза.
Граѓанскиот активист Шон Кинг го живее влажниот сон на сите активисти кварни како него. Овие што кмишат по мрежи како ботови ухлебени во ПР служби или цивилни филијали, нека знаат дека слабо некако се имаат продадено.
Запознајте се со малиот белгиско -холандски вундеркинд кој заврши средно за година ипол а факултет за една година. Помлад од него беше еден Американец ама тој подоцна заврши по квизови. Ова дете е нешто поамбициозно.
Диктаторите беа погодени повеќе од сатирата отколку некакви длабоки и паметни текстови кои ја анализираа нивната беда. Сега планот на сатирата, планот на хуморот, е покосено поле. Наместо луѓето да се ругаат, сега кукаат, а тоа е веќе последниот стадуим.
Кога детето ви се вика Џихад а живееете во Европа, не е баш најпаметно да го пратите во градинка со маица на која е напишано неговото име и датумот на неговото раѓање - 11-ти септември. И на маицата уште да пишува: Јас сум бомба!
16 годишен тинејџер уапсен е во Мексико заради продавање дрога и носење оружје. Едно испрашување подоцна и ова е најмалиот проблем што малиот го направил.
11 годишно момче од Манчестер нешто се спречкало со родителите па излегло од дома, отишло на аеродром и се качило во авион за Рим. Немало ни пасош, ни карта, ни бординг пас. Толку за европската безбедност.
Колку светскиот банкарски систем е фактап сведочи новиот контроверзен систем за итно кредитирање на мали бизниси во Британија. Ни хартии, ни жиранти, ни процедури. Парите ги добивате за 15 минути. Каде е трикот? Годишна камата - 4.200 проценти.
Од Петровец до Аеродром ми текнува на сите имиња што сум ги заборавила, на сите згради што ги немало, на сите кафичи, на сите улици кои бледо ми стојат во сеќавањата. И штом слезам од авион, мирисот. Прекрасниот мирис на дома.
Работата на Виндоус 8 ќе заврши до крајот на летото, а првите компјутери со новиот оперативен систем треба да се појават во октомври, барем така тврдат аналитичарите .
Судбина е она што може да проба да ги раздвои Ромео и Јулија или пак да спои, барем на кратко, луди комбинации од типот Никита Хрушчов - Мерилин Монро и Стив Џобс - Енди Ворхол. Орсон Велс седел до Адолф Хилер ама слабо се сеќава на него.
Ако сакате да напишете нешто позитивно, форсирајте ги буквите кои се наоѓаат на десната страна на вашата тастатура. Со левите имаме мака при пишување па затоа и при читање не ни се... некако.