На мечот Ливерпул - Порто во средата, на терен се случи една необична брканица во која редарите бркаа две мали деца, кои храбро и пожртвувано се симнаа во лов на топката. На крајот победија со одлична поддршка од трибина.
Репрезентативниот голман на Костарика има мошне интересно минато. Има 34 години и веќе неколку сезони брани на највисоко ниво, прво за Реал Мадрид, па за ПСЖ. Синоќа по петти пат во кариера Меси му шутираше пенал и првпат му одбрани.
Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Вечерва во Дортмунд се сруши неверојатниот рекорд по постигнати голови на меч од ЛШ. Борусија и Легија одиграа 8:4 и ја надминаа голеадата од мечот Монако - Депортиво во 2003-та.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Има 19 години а веќе беше шампион на Франција, Италија и скоро ќе биде во Германија. Играч е на Јувентус, кој го позајми на 2 години во Баерн Минхен без притоа да се заштити со вообичаената клаузула да не може да игра против нив.
Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.
Во третото коло од Лигата на шампиони, актуелниот шампион, екипата на Челси загуби на гостувањето кај Шахтјор, Јувентус само ремизираше со Нордсјеланд, а Барселона и Манчестер Јунајтед триумфираа со пресврт.
Вечерва стартува 21. издание на најелитното европско клупско натпреварување. 32 клубови од 17 земји ќе одиграат 125 натпревари и ќе се обидат да стигнат до финалето на Вембли и до трофејот кој во моментов е во сопственост на Челси.
Лигата на шампиони не е приватна забава на фудбалски гиганти со големи стадиони и богата историја. Тоа го докажа и поранешниот клуб на нашите Џевдет Шаиноски и Бајрам Фетаи, малиот дански клуб Нордсјеланд кој со добра организација и развој на млади фудбалери стигна до европската елита.
Иван Тричковски и неговиот тим АПОЕЛ ја изненадија Европа со пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека успеаја тоа да го сторат со буџет од само 10 милиони евра.