Мачна сезона имаат фудбалерите на Леванте кои се бетонирани на дното во Ла Лига со само 3 победи по 28 кола. Викендов одиграа дома 1:1 против Еспањол, а очајно им се потребни победи. Енис Барди намести гол, ама до несмасен колега кој не смееше да си дозволи да промаши ваква шанса.
Барди и другарите синоќа остварија сензационална победа на гости против Атлетико, само втора сезонава и се на дното на табелата. Мечот го одбележаа неколку драми, посебно две во 96-та и 97-ма минута кои за малку не го сменија резултатот.
Фудбалерите на Леванте се изнамачија сезонава и дури во 20. коло успеаа да стигнат до првиот триумф во шпанскиот шампионат. Барди не постигна гол, ама направи маестрална акција по која следуваше маестрална асистенција.
Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Македонскиот репрезентативец минатата сезона не беше само едно просечно засилување во Леванте, туку златно дете со снајперски способности од слободен удар, стрелец на 9 гола и играч кој сега најмногу вреди во клубот.
Ако од минатата сезона го пратите почесто Леванте поради Енис Барди, можеби сте забележиле дека на нивниот стадион една од трибините зад голот не е целосна и фали дел. Стадионот за неколку дена ќе наполни 49 години, па еве ја приказната.
Можеби звучи неверојатно, ама вистината е таа. Откако Барселона во својот состав го има Лионел Меси, а тоа е од 2004-та година, прв пат се соочува со ваков дебакл од 5 примени гола.
Најдобриот македонски интернационалец сезонава, Енис Барди ги полни насловните страни по европските медиуми откако со два прекрасни гола „ја упропасти“ Барселона синоќа (5:4). Пред почетокот на денешниот тренинг на Леванте, Енис се сретнал со Бедри Салиу, неговиот прв тренер во Шкупи кога почнувал со фудбал.
Енис Барди стана македонска гордост во шпанското првенство и влезе во статистики во друштво на еден Меси. Кој би рекол дека уште во првата сезона во Ла Лига, вака ќе стартува наше дете кое има само 22 години.
Шампионот на Шпанија го забележаа првиот пораз сезонава дури во претпоследното коло. Замина на гости кај Леванте без Меси и им се случи потоп во голеада со конечни 5:4. Македонскиот репрезентативец одигра фантастичен натпревар и успеа да ја тресне Барса два пати за 10 минути.
Паметно. Човекот намирисал дека Енис сезонава шутира слободни удари подобро од најголемите ѕверки во шпанска Примера и решил да праша за коефицент. На 11 квота уплатил 50 евра на два тикета и ене го на каса чека 550 евра. Така се игра. Алал вера мајсторе.
Ниту Меси ниту Кристијано Роналдо сезонава не шутираат слободни удари како македонскиот репрезентативец. Вечерва против Леганес на гости Барди даде ефектен гол од прекин во 59’ минута за 0-2 за Леванте.