Најдобро е во моментов да се укине Уставот на САД за да се поништат резултатите од претседателските избори 2020 и Доналд Трамп да се врати на власт во Белата куќа, препорачува Доналд Трамп.
Сериозно цела Америка го знаеше човеков и пак го избра да им биде претседател, па дури можеби и ќе го репризира на уште четири години во 2024. Клипот е од 2004, од времето кога СНЛ уште го сакаше Доналд Трамп.
Њујорк Тајмс упорно одбива да сфати зошто Трамп сè уште постои на сцената па смета дека на луѓето не им е доволно јасно дека тој е булшит. Мат Таиби уште поупорно им плеснува: Знаат тие дека Трамп е булшит, ама знаат и дека вие сте бетер од него.
Откако во средата не се случи очекуваниот „црвен бран“ и создавање на републиканско мнозинство во Конгресот, на Доналд Трамп сите му се виновни, посебно луѓето кои го туркаа Оз за кандидат во Пенсилванија. Меѓу нив и Меланија.
Сите иматели на американска зелена карта, работна дозвола или пасош, што во основа го опфаќа најголемиот дел високи директори во кинеските производители на чипови, треба да изберат меѓу давање отказ или губење американско државјанство / престој.
Можеби човекот не може да ѝ припари ни на една социјална мрежа на интернет (освен таа што сам си ја отвори), ама затоа може на свои митинзи да си го прави меракот и да ѝ пушта клипови на публиката.
ФБИ подобро да има нешто „разорувачко“ за Трамп, бидејќи во спротивно само што бевме сведоци на еден од најглупите потези во историјата на политиката, пишува Мат Таиби.
Личните податоци на милиони американски корисници на Тикток се собираат и обработуваат од Кина, заради што двете најголеми мобилни платформи треба да ја избришат апликацијата од своите продавници.
Во едни поранешните времиња, Трамп, општоприфатен како кловн на чело на САД, им кажа на Германците дека ако не преземат нешто драстично, земјата ќе стане тотално зависна од руска енергија. Германците му се смееа во лице, а меинстрим медиумите одма пресудија дека ова тврдење на Трамп е „фејк њуз“.
Мајсторот на невкусот, човекот зад филмовите во кои драг-кралицата Дивајн се труди на сите начини да ја згади публиката е изнервиран. Заради Доналд Трамп.
Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.
Од ентузијазмот околу Бајден останато е многу малку, а веста во бројки јавно ја соџвака Си-ен-ен тој ем е со најнизок рејтинг од почетокот на мандатот, ем рејтингот му е понизок и од оној на Трамп.
Заради масовните операции и финансиски интерес што го има во и од Кина, ЦЕО-то на Епл треба да биде заведен како странски агент во САД, а САД треба да размисли и за формирање на „економско НАТО“.
Критичарите ја обвинуваат Кина дека почнала да прави преголеми залихи на житарки, па во време кога остатокот од светот трепти дали воопшто ќе има житарки за купување на светскиот пазар Кина има повеќе од половина од светските резерви од одредени култури.