Во август 2020-та Израел и ОАЕ (Обединети Арапски Емирати) потпишаа историски договор за целосна нормализација на односите (кои никогаш не биле нормални). Во Тел Авив слета прв комерцијален лет на компанијата Etihad и следен чекор беше соработка во спортот.
Сезоната 2019/2020 во најдобрата кошаркарска лига на светот и официјално е прекината на неопределено време. Кошаркарот на Јута и француската репрезентација Руди Гобер е позитивен нa вирусот.
Следните два, можеби три меча на Голден Стејт, за жал на навивачите на Вориорси, ќе бидат последни во Окленд. И не само најдобриот НБА состав, туку уште еден популарен клуб од Окленд ќе си ги пакува куферите и ќе се сели.
И не само од НБА, туку од сите најголеми спортски првенства во САД, шампионите регуларно почнале да ја посетуваат Белата куќа во ’80-те кога на власт најчесто биле претседатели од Републиканската партија: прво Реган, а потоа и Џорџ Буш.
Еден од клубовите со најрадикални навивачи во Израел, Беитар од Ерусалим во знак на благодарност до американскиот претседател реши во своето име да додаде и Трамп. Така ќе настапуваат на официјални натпревари.
По најавата на американскиот претседател дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим кој ќе го прогласи за израелска престолнина, се запали Блискиот Исток а реагираа и навивачите на Селтик.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.