Израелските тајни служби со години сакаат да го убијат иранскиот научник и еден од најдобро чуваните луѓе во Иран, Мохсен Фахризадех. На крај наоѓаат начин и тоа го изведуваат без ниту еден нивен оперативец да биде присутен на терен за време на егзекуцијата.
Одлука која опфаќа многу влажни соништа на претходната администрација и нејзини фанови, е на добар пат да биде уште една од клучните сцени (по евакуирањето на амбасадата во Кабул) кои ќе го обележат владеењето на Бајден.
Целата плата што Трамп ја зема за државната функција што моментално ја држи, ја донира во добротворни цели. Проблемот е што од друга страна го искина буџетот со службени трошоци.
Ја замисливме поставена на тромеѓе Македонија-Грција-Бугарија: светлосни снопови го параат небото, луѓе се спојуваат преку космички аудио канал, и по првите срдечни поздрави за да им се направи атер на организаторите, почнуваат кошкањата. А можеби и сосема обратно - се врти на песна и на виртуелно споделена пијачка, додека рефлекторите формираат срциња на небото.
Првите обиди за упад се направени во 2012, на сред од мандатот на Обама, и нема докази дека во тоа време хакерите на американската влада успеале да изгасат некој дел од електричната мрежа. Со доаѓањето на Трамп стратегијата преминува во отворен напад во кој сајбер силите на САД успеале да вметнат свој малвер во електричната мрежа и во други мети, открива Њујорк тајмс.
Лик по име Хешмат Алави, некаде во 2014 се појавува на Твитер и почнува отворено да шири поддршка за иранската опозиција, конкретно за МЕК. Со тек на време набива голем број следбеници, што води кон он-лајн репутација, по што следува интересот од големи американски медиуми за негови мислења. Пред една недела излезе дека Алави е екипа членови на МЕК кои од Албанија го работат профилот и создаваат содржини за него.
29-те убиства што се случуваат на 6-ти март годинава го израмнуваат бројот убиени цивили со огнено оружје во САД за 2019 и загинати американски војници во Нормандија на 6-ти јуни 1944.
Лекцијата што американските интервенционисти ја научија од војната во Ирак е: присвој ја дебатата. Па така, денес сите се за промена на режими, пишува Мат Таиби во Ролинг стоун.
Во Канада (на барање на САД) е уапсена финансиската директорка на компанијата, во САД против компанијата се покренати кривични обвиненија, низ западниот свет 5Г технологијата на Хуавеи се корне од мобилната инфраструктура.
Претседателските кампањи можат да инспирираат луѓе да гласаат, да се черачат со противници на социјални мрежи, да гледаат повеќе вести, да се изолираат во некоја недојдија без ви-фи, ама да компонираат? Џез пијанистот Марк Робертс на трката за претседател на САД реагира токму така, со музика.