Првото коло во Бизнис лигата го комплетираа уште и минатогодишниот финалист Лукоил кој со висок триумф стигна до три бода против Sparkasse, а ONE и ЕВН одиграа без победник.
Бранителот на титулата во Бизнис лигата беше убедлив до 10:2, а најнеизвесно беше на дуелот помеѓу ЕЛЕМ и Sistina кој електричарите го добија со пресврт.
Циркузијадата доаѓа од првата женска фудбалска лига во Романија, каде голманката доби црвен картон, се изнервира како Оливер Кан, а дресот и го даде на колешката која ќе мора да брани при извршени три измени.
Големото чилеанско дерби меѓу Универзидад де Чиле и Сантијаго Вондерерс не го одбележаа кореографиите, пиротехниката и полниот стадион, туку дефанзивецот на гостинскиот тим. Среќа во Чиле не убиваат за автогол како во Колумбија, па Агустин Пара ќе може мирно да спие по овој евро автогол.
Великаните на светскиот фудбал редовно стигнуваат до завршницата на Мундијалите. Петкратниот Светски шампион има одиграно 11 полуфиналиња на кои загубил само еднаш во 1938. За Германците ова е четврто во низа, но го немаат поминато од 2002 година.
Белгиската репрезентација која се очекува да биде пријатно изненадување на СП во Бразил, денеска стартува против Алжир. Беа дел од нашата квалификациска група за Мундијалот, но не знаевме дека меѓу нив има фудбалери кои се толку по науката и бизнисот.
Искусниот дефанзивец на Мајнц кој го извести селекторот Бошко Ѓуровски дека поради возраста дефинитивно се повлекува од репрезентацијата, оваа сезона е третиот најстандарден играч во Бундес лигата во конкуренција на ветерани.